Достапни линкови

Јадранската повелба, важна за регионот


На состанокот на земјите од Јадранската повелба потврдени НАТО аспирациите и регионалната соработка.

Регионалната соработка, нејзиното зацврстување, обезбедувањето на подршка за побрзо интегрирање во НАТО, како и за учеството на земјите во мисијата во Авганистан, се прашањата за кои министрите за надворешни
Се разговараше за постлисабонскиот развој на Северноатлантската алијанса, приоритетите на самата Алијанса, но и главните предизвици со коишто НАТО се соочува на глобално ниво и како можеме да направиме повеќе да се пресретнат постојните закани или предизвици со кои НАТО се соочува.
работи потписнички на Јадранската повелба разговараа денеска во Скопје. Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски вели дека соработката во рамки на Јадранската Повелба преставува корисен пример за регионот.

„Се разговараше за постлисабонскиот развој на Северноатлантската алијанса, приоритетите на самата Алијанса, но и главните предизвици со кои што НАТО се соочува на глобално ниво и како можеме да направиме повеќе да се пресретнат постојните закани или предизвици со кои НАТО се соочува.“

Со оваа средба се заокружуваат активностите во рамки на македонското претседателство со групата. Во првата половина на наредната година претседавањето ќе го преземе Црна Гора. Министерот за надворешни работи на Црна Гора Милан Роќен вели дека Јадранската повелба се покажа како една од најзначајните регионални иницијативи која по само неколку години од формирањето резултираше со прием на Хрватска и Албанија во НАТО, Македонија е пред вратите на Алијансата, а Црна Гора и БиХ направија голем прогрес за членството во Северноалтанскиот сојуз.

„Значи, американската Јадранска повелба од 3 се зголеми на 5 и како што рече и Антонио, сите ќе бидеме најсреќни кога ќе бидеме 7. Јас искрено се надевам дека во периодот пред нас ќе биде обезбедено полноправно членство и за Србија и за Косово во рамките на Јадранската повелба.“

Ние ја подржуваме подршката на политиката на отворени врати на НАТО кон регионот што беше потврдена и на самитот на НАТО во Лисабон, изјави министерот за надворешни работи на Албанија Едмонд Хаџинасто.
Ние го подржуваме и ќе продолжиме да го подржуваме зачленувањето на Македонија во НАТО. Сакаме што е можно поскоро да ја видиме Македонија во
НАТО.


„Ние го подржуваме и ќе продолжиме да го подржуваме зачленувањето на Македонија во НАТО. Сакаме што е можно поскоро да ја видиме Македонија во НАТО.“

Освен земји потписнички на повелбата, на состанокот беа поканети во својство на набљудувачи и министрите за надворешни работи на Србија и Косово, но Србија не учествува на Состанокот. Учесниците на денешниот состанок разговараа и за идејата да се формира зеднички регионален тим на инструктори кои ќе учествуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан. Јадранската повелба се потиша веднаш по прашкиот самит на НАТО во 2003-та, по иницијатива на Соединетите Американски Држави.

Денешниот сосотанок во Скопје беше посветен на дипломатот Ричард Холбрук кој почина неодамна и кој имаше значајна улога во разрешувањето на конфликтите во деведесетите години на Балканот. Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер изјави дека да е жив сега Холбрук би бил среќен да ги види сите преставници од Балканот на една маса и би бил задоволен од напредокот кој го направија овие земји за кои тој некогаш се бореше да постигнат мир.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG