Достапни линкови

Меѓународни посредници за името?


Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду
Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду

Во владечката коалиција молк по идејата на ДУИ за ангажирање на меѓународни посредници за името. Експертите во идејата гледаат политички маркетинг.

Својата идеа за ангажирање меѓународни посредници во градење државна стратегија за името ДУИ не ја образложува официјално, а од ВМРО ДПМНЕ не
излегоа со коментар. Меѓутоа причината зошто албанскиот коалициски партнер на власта излезе со ваков предлог експертите првенствено ја гледааат во потребата на оваа партија пред електоратот да образложи зошто опстојува коалицаијата со оглед дека претходно пред своето гласачко тело се заложи дека евроинтегртивните процеси се нивен приоритет. Аналитичарот Алберт Мислиу смета дека идејата е за внатрешна употреба на партијата:
Може да се каже дека е и тестирање на ДУИ на нивниот електорат, нивна тенденција за нови идеи, да се изнајдат нови можности


„Не дека ние имаме контакти и меѓународни посредници кои се поканети, од другата страна имаме и некоја резервираност и кај меѓународните фактори вон ОН да се вклучат во оваа тема. Може да се каже дека е и тестирање на ДУИ на нивниот електорат, нивна тенденција за нови идеи, да се изнајдат нови можности.“

Алберт Муислиу ја става во втор план можноста со овој предлог, ДУИ да го тестира својот партнер колку тие се искрени во нивните меѓусебни договори кои ги имаат за оваа тема. Претходно министерот за надворешни работи Антонио Милошоски коментираше дека не слушнал за ваквата идеја на владиниот коалициски партнер, а Ермира Мехмети изјави дека дилемата не е до кога ДУИ ќе издржи туку до кога македонската етничка зедница и политичките партии ќе ја продолжат како што
Сите други трендови може да се оценат како политички маркетинг во однос на нивниот подобар резултат на следните избори.
рече агонијата со блокираните евроинтеграциски процеси.

Експерите сметат дека не може да има подобруавње на комуникацијата меѓу ДУИ и ВМРО на оваа тема до некоја разрешница на проблемот со оглед на нивната суштински спротивна визија врзана со евроатлантските интеграции. Македонскиот партнер е подготвен да ги жртвува за да го задржи името во некоја форма, додека албанскиот политички парнтер гледа на тоа како на врвен приоритет. Сепак секоја коалиција е коалиција од интерес, а обата партнери го гледаат својот интерес внатре во коалицијата, сметаат експерите:


„Дијалогот на ДУИ дека ќе поддржи предвремени избори откако ќе се реши спорот за името и Македонија ќе влезе во НАТО е јасен доказ за секого дека тие не планираат да излезат од владата, а сите други трендови може да се оценат како политички маркетинг во однос на нивниот подобар резултат на следните избори“, коментира Здравко Савески.


Во опозициските партии сметаат дека ако ДУИ и ВМРО ДПМНЕ во првите 15 дена не се договориле како да го решат проблемот тоа нема да го направат во последните 15 месеци од мандатот. Во владечаката партија пак сметаат дека тоа што самиот спор се злоупотребува често во политички контекст оневозможува една сериозна, стабилна и зрела јавна дебата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG