Достапни линкови

Економските промотори (не)оправдани?


Во слободната економска зона Бунарџик работат само две фабрики
Во слободната економска зона Бунарџик работат само две фабрики

Власта најавува зголемување на трошоците за економските промотори. Експертите, пак, велат дека тие не се соодветни за привлекување на странски инвестиции.

Економските промотори се несоодветен избор за привлекување на странски инвестиции, велат од опозицијата. Од власта, од друга страна, до сега на неколку наврати изјавија дека трошоците за економските промотори се оправдани и дека по кризата ќе се согледаат придобивките од промоцијата. Што велат експертите? Професорот Ванчо Узунов вели дека Македонија промовира производ кој го нема:
И промовираме нешто што не е производ и тука ефектот е уште понегативен бидејќи странците, странските инвеститори се чувствуваат излажани и тоа потоа ги револтира и нема да дојдат дури и кога еден ден ќе биде добар
производот.

„И промовираме нешто што не е производ и тука ефектот е уште понегативен бидејќи странците, странските инвеститори се чувствуваат излажани и тоа потоа ги револтира и нема да дојдат дури и кога еден ден ќе биде добар производот.“

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека дури ни поволните даночни политики кои промоторите ги „рекламиртаат“ во странство се застарена работа:

„Во оваа деценија што следи компаниите нема да фокусираат на трошок, туку на иновации и на креативност значи да се произведе нешто на поинаков начин кој што ќе биде актрактивен на пазарот.“

Македонскиот образовен систем не продуцира соодветно квалификувани кадри кои би ги задоволиле барањата на странските инвеститори, додава Адеми:

„Јас зборувам со многу странски компании и тие повеќе бараат луѓе со технички вештини кои се помалку и помалку ги има во Македонија.“
Тој проблем ќе се продлабочува бидејќи другите напредуваат на патот кон ЕУ и НАТО, а ние стоиме во место, тоа е суштинскиот проблем и тој неможе да се реши на технички начин преку промоторите, туку е потребно да се решава суштинскиот проблем.

Земјава ја губи битката за привлекување на странските инвестиции во регионот, вели потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски и појаснува:

„Значи за првите девет месеци Македонија има 55 евра по жител странски инвестиции, Србија има 78, а замислите Хрватска за само шест месеци има 143 евра по жител, значи три пати повеќе од нас, а Црна Гора исто така само за шест месеци 523 евра по жител или речиси десет пати повеќе од нас.“

Причина за ваквиот застој се закочените евроатлански интеграции, смета Јовановски:

„Тој проблем ќе се продлабочува бидејќи другите напредуваат на патот кон ЕУ и НАТО, а ние стоиме во место, тоа е суштинскиот проблем и тој не може да се реши на технички начин преку промоторите, туку е потребно да се решава суштинскиот проблем.“

Инаку, власта најави дека догодина ќе се зголемуваат трошоците за економските промотори. Медиумите јавуваат дека догодина за реклама на земјава ќе се потрошат 15 милиони евра од народната каса.
XS
SM
MD
LG