Нови фабрики, нови вработувања и свежи перспективи во земјата со висока стапка на невработеност која на странските медиуми се рекламира како новиот бизнис рај во Европа. Кога се зборува за странските инвеститори, евидентно е дека и граѓаните и властите имаат високи очекувања, но економистите и упатените постојано констатираат дека количината на странски приливи во Македонија е мала. Овој феномен властите го објаснуваа со светската економска криза, дури и во услови кога странските аналитичари констатираа дека состојбите во светот се подобруваат. Дали кризата во светот, која не го одбегна ни регионов е соодветна причина за тоа што Бунарџик не работи со полн капацитет, а останатите слободни зони зјаат празни? Македонија има најмалку странски инвестиции од сите земји во Југоисточна Европа, објавува во својот последен извештај Конференцијата за трговија и развој при Обединетите нации, УНКТАД. Лани тие изнесувале 248 милиони долари, најмалку во регионот, а на исто ниво со Киргистан, Азербејџан и Таџикистан. За споредба, само во првите неколку месеци од годинава во Србија, според официјални податоци, се влеале 590 милиони долари инвестиции, или двојно повеќе од Македонија лани. Српската агенцијата за странски вложувања очекува тој износ во 2010 да биде вкупно 2 милијарди долари. Лидер во регионот според странски инвестиции е Хрватска. Според официјални податоци, лани во земјата се инвестирало десет пати повеќе странски пари во споредба со Македонија.
Последни во регионот по странски инвестиции
Зошто странците прават „бајпас“ околу земјава? На ова прашање за сега нема официјален одговор од надлежните институции, а недостасува и прогноза за текот на странските вложувања во земјава. Недостатокот на странски приливи е комплексно прашање, објаснува инвестицискиот советник Мартин Стошиќ кој смета дека поради тоа што сме помал пазар, оправувањето од кризата ќе се одвива побавно
,,Македонијa, нормално е бидејќи сме увозно зависна држава, кризата се рефлектира и кај нас и бидејќи сме помал пазар ќе треба малку повеќе време за да се вратиме во нормална ситуација, така што верувам дека заздравувањето во Европа ќе приодонесе за повторно да се активираат тие странски директни инвестиции, да почнат да доаѓаат кај нас."
Во екот на кризата од редовите на власта се пласираше хипотезата дека светската економска криза може да се искористи за поуспешно привлекување на странски инвеститори. Но, се чини дека логиката „ако парите мора да одат некаде, нека се влеваат во земјите во развој“ за сега не се покажа како делотворна. Во развиените земји инвеститорите имаат побезбеден приход, но во земјите во развој приносите од инвестициите се поголеми, вели Стошиќ:
,,Затоа оттаму е точна таа хипотеза дека средствата е подобро да се инвестираат во земји во развој, бидејќи може да донесат поголем принос, меѓутоа секогаш личен избор на инвеститорот е колкав ризик може да прифати."
Во последно време од власта се актуелизираа тврдењата дека странски компании стратешки се позиционираат околу Македонија и чекаат соодветни услови за инвестирање. Професорот Никола Поповски вели дека условите, многу од кои се производ на транзицијата, за сега не се соодветни:
,,Значи, тоа се должи на нестабилна меѓународна положба на Македонија, блокирана, на нестабилни внатрешни односи, на постојани етнички конфликти кои се закануваат или лебдат во воздух, на прилично нестабилен правен систем во кој владата постојано ги менувазаконите, на крајот на краиштата освен вербалните заложби на владата за странски инвестиции, што владата направи за странски инвестиции? Дали изгради инфраструктура, дали ги подобри законите, дали изгради гасификација, ја подобри снабденоста со електрична енергија, патишта, железница... Ништо! Владата парите ги троши на споменици."
Привлекувањето на странски инвестиции е конкурентска борба, вели професорот Поповски и појаснува:
,,Инвеститорите се глобални, тие не се фокусирани во смисла, ќе дојдеме ние на Балканот, па дали Макеоднија е подобра од Црна Гора или од Албанија, тие се глобално ориентирани, за нив доаѓањето во Макеоднија е ист предизвик како и одењето во Сингапур, во Мексико или во Естонија... И во сите тие конкурентски борби, ние ја губиме битката."
Причина за економскиот неуспех, спорот со Грција?
Меѓународната позиција на Македонија и спорот со соседна Грција не ретко се посочува како проблем кој влијае на странските инвестиции. Шефот на државата за време на посетата на Њујорк отворено го обвини нашиот јужен сосед за блокирање на странските приливи. Ѓорѓе Иванов во своето обраќање на Генералното собрание на Обединетите Нации, изјави дека наметнатиот проблем околу името, освен на политички план, ни создава сериозни импликации во економскиот развој, во привлекувањето странски инвестиции. Дали оваа политичка изјава беше меч со две острици, посебно имајќи го предвид дека министерот за финансии Зоран Ставрески во една прилика посочи дека Грција е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија? Инвеститорите нема да бидат погодени од оваа изјава, смета професорот Здравко Савески:
,,Намалување евентуано на инвестициите од Грција може да се должи само на нивната економска криза, бидејќи инвестициите течеле непречено во Макеоднија дури и во периоди кога сме имале полоши односи со Грција."
За Др. Савески, позагрижувачки се аналогиите на претседателот Иванов:
,,Значи мора да се констатира дека претседателот Иванов е склон кон правење некои аналогии кои создаваат многу погрешен впечаток за вистинската ситуација на работите. Значи во никој случај неможе да се зборува дека онаа блокадата во зачленувањето во меѓународниорганизации што ни ја прави моментално Грција е нешто споредливо со она што беше фактичка, економска блокада во 1993 година."
Инаку, според пишувањата на Грчките медиуми, Грција го зазема првото место за странски инвестиции во Албанија, Македонија и Србија, второ место и припаѓа во Романија, а трета по бројот на странски инвестиции е Бугарија.
Странските инвеститори и берзата
Првиот човек на „Иново Брокер“ Јованче Тасковски вели дека македонските компании работат со позитивни резултати, но недостигот на странски капитал го прави своето.
,,Меѓутоа приливот на свеж капитал од страна, односно на странски инвеститори од надвор, кои што знаат да направат и анализа на компании во моментов го нема, средствата ги пласираат во своите земји, сепак тоа им е многу попознато."
Странското учество на македонската берза е недоволно за постигнување значајна промена на берзата, смета брокерот Горан Марковски:
,,Она што беше на пример главен креатор на движењето на берзата, а тоа се странските, особено институционални инвеститори, од почетокот на годината тие се сведуваат на 10-15 отсто од вкупното учество што е недоволно."
Инаку, според официјални податоци од македонската берза, учеството на странските инвеститори во главнината на десетте најликвидни компании на пазарот бележи негативни промени во периодот од јануари до јуни годинава.
Ќе донесат ли резултати рекламите на CNN
Покрај се` власта се чини и понатаму е детерминирана да привлече странски капитал во земјава. Со рекламни спотови по странските телевизии и огласи во најтиражните печатени медиуми во светот, Владата ја рекламира земјава како земја на можности. Но, колку е ефективен ваквиот начин на привлекување на инвеститори? Каков ефект имаат ваквите пораки за странците? На прашањето одговара комуникологот Климе Бабунски:
,,Масовните медиуми за отворена публика како што е CNN или било која и да е друга телевизиска станица, програма со неодредена и широка публика е ,,пукање" во празно. Тоа се големи пари, дадени за многу мал ефект и резултат."
Поефективен метод е директен контакт со инвеститорите, смета Бабунски и додава:
,,Кампањата неможе дури и да е 100% квалитетна и добро осмислена и ефикасна, кампањата неможе да го надмине квалитетот на производот што го рекламира."
Инаку власта ангажираше економски промотори кој во странство ја промовираа земјава како бизнис рај во Европа. Владата и опозицијата на оваа тема кршea копја. Додека надлежните тврдеа дека промоторите си ја завршиле работата, опозицијата обвинуваше дека нивните трошоци биле залудно потрошени пари.
Според официјални податоци, лани во земјава биле инвестирани 248 милиони долари, што според Обединетите нации е најскромна инвестиција во регионот.
Граѓаните во Хајд Паркот на Слободна Европа зборуваат за сиромаштијата во Македонија.
Коментитрајте и вие http://www.makdenes.org/content/article/2166310.html
Македонијa, нормално е бидејќи сме увозно зависна држава, кризата се рефлектира и кај нас и бидејќи сме помал пазар ќе треба малку повеќе време за да се вратиме во нормална ситуација, така што верувам дека заздравувањето во Европа ќе приодонесе за повторно да се активираат тие странски директни инвестиции, да почнат да доаѓаат кај нас
Последни во регионот по странски инвестиции
Зошто странците прават „бајпас“ околу земјава? На ова прашање за сега нема официјален одговор од надлежните институции, а недостасува и прогноза за текот на странските вложувања во земјава. Недостатокот на странски приливи е комплексно прашање, објаснува инвестицискиот советник Мартин Стошиќ кој смета дека поради тоа што сме помал пазар, оправувањето од кризата ќе се одвива побавно
,,Македонијa, нормално е бидејќи сме увозно зависна држава, кризата се рефлектира и кај нас и бидејќи сме помал пазар ќе треба малку повеќе време за да се вратиме во нормална ситуација, така што верувам дека заздравувањето во Европа ќе приодонесе за повторно да се активираат тие странски директни инвестиции, да почнат да доаѓаат кај нас."
Во екот на кризата од редовите на власта се пласираше хипотезата дека светската економска криза може да се искористи за поуспешно привлекување на странски инвеститори. Но, се чини дека логиката „ако парите мора да одат некаде, нека се влеваат во земјите во развој“ за сега не се покажа како делотворна. Во развиените земји инвеститорите имаат побезбеден приход, но во земјите во развој приносите од инвестициите се поголеми, вели Стошиќ:
,,Затоа оттаму е точна таа хипотеза дека средствата е подобро да се инвестираат во земји во развој, бидејќи може да донесат поголем принос, меѓутоа секогаш личен избор на инвеститорот е колкав ризик може да прифати."
Во последно време од власта се актуелизираа тврдењата дека странски компании стратешки се позиционираат околу Македонија и чекаат соодветни услови за инвестирање. Професорот Никола Поповски вели дека условите, многу од кои се производ на транзицијата, за сега не се соодветни:
,,Значи, тоа се должи на нестабилна меѓународна положба на Македонија, блокирана, на нестабилни внатрешни односи, на постојани етнички конфликти кои се закануваат или лебдат во воздух, на прилично нестабилен правен систем во кој владата постојано ги менува
Значи, тоа се должи на нестабилна меѓународна положба на Македонија, блокирана, на нестабилни внатрешни односи, на постојани етнички конфликти кои се закануваат или лебдат во воздух, на прилично нестабилен правен систем во кој владата постојано ги менува законите, на крајот на краиштата освен вербалните заложби на владата за странски инвестиции, што владата направи за странски инвестиции?
Привлекувањето на странски инвестиции е конкурентска борба, вели професорот Поповски и појаснува:
,,Инвеститорите се глобални, тие не се фокусирани во смисла, ќе дојдеме ние на Балканот, па дали Макеоднија е подобра од Црна Гора или од Албанија, тие се глобално ориентирани, за нив доаѓањето во Макеоднија е ист предизвик како и одењето во Сингапур, во Мексико или во Естонија... И во сите тие конкурентски борби, ние ја губиме битката."
Причина за економскиот неуспех, спорот со Грција?
Меѓународната позиција на Македонија и спорот со соседна Грција не ретко се посочува како проблем кој влијае на странските инвестиции. Шефот на државата за време на посетата на Њујорк отворено го обвини нашиот јужен сосед за блокирање на странските приливи. Ѓорѓе Иванов во своето обраќање на Генералното собрание на Обединетите Нации, изјави дека наметнатиот проблем околу името, освен на политички план, ни создава сериозни импликации во економскиот развој, во привлекувањето странски инвестиции. Дали оваа политичка изјава беше меч со две острици, посебно имајќи го предвид дека министерот за финансии Зоран Ставрески во една прилика посочи дека Грција е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија? Инвеститорите нема да бидат погодени од оваа изјава, смета професорот Здравко Савески:
,,Намалување евентуано на инвестициите од Грција може да се должи само на нивната економска криза, бидејќи инвестициите течеле непречено во Макеоднија дури и во периоди кога сме имале полоши односи со Грција."
За Др. Савески, позагрижувачки се аналогиите на претседателот Иванов:
,,Значи мора да се констатира дека претседателот Иванов е склон кон правење некои аналогии кои создаваат многу погрешен впечаток за вистинската ситуација на работите. Значи во никој случај неможе да се зборува дека онаа блокадата во зачленувањето во меѓународни
Значи во никој случај неможе да се зборува дека онаа блокадата во зачленувањето во меѓународни организации што ни ја прави моментално Грција е нешто споредливо со она што беше фактичка, економска блокада во 1993 година
Инаку, според пишувањата на Грчките медиуми, Грција го зазема првото место за странски инвестиции во Албанија, Македонија и Србија, второ место и припаѓа во Романија, а трета по бројот на странски инвестиции е Бугарија.
Странските инвеститори и берзата
Првиот човек на „Иново Брокер“ Јованче Тасковски вели дека македонските компании работат со позитивни резултати, но недостигот на странски капитал го прави своето.
,,Меѓутоа приливот на свеж капитал од страна, односно на странски инвеститори од надвор, кои што знаат да направат и анализа на компании во моментов го нема, средствата ги пласираат во своите земји, сепак тоа им е многу попознато."
Странското учество на македонската берза е недоволно за постигнување значајна промена на берзата, смета брокерот Горан Марковски:
,,Она што беше на пример главен креатор на движењето на берзата, а тоа се странските, особено институционални инвеститори, од почетокот на годината тие се сведуваат на 10-15 отсто од вкупното учество што е недоволно."
Масовните медиуми за отворена публика како што е CNN или било која и да е друга телевизиска станица, програма со неодредена и широка публика е ,,пукање" во празно. Тоа се големи пари, дадени за многу мал ефект и резултат