Достапни линкови

Решение за името?


Папандреу и Груевски
Папандреу и Груевски

Состојбата во која сме доведени без наша вина ја доведува во прашање политичката стабилност на Македонија, економскиот просперитет и безбедноста во регионот. Ова денеска ни го изјави Ристо Никовски, советник на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Имено, македонскиот државен врв јавно го повика посредникот Метју Нимиц што побрзо да предложи некое решение за името и е во интензивна комуникација со Атина за да се деблокира евро атланскиот пат на земјата воочи престојниот самит на ЕУ

Преку средби со претставници на земјите членки на Европската Унија и лобирање за позитивни забелешки во заклучоците на Советот на Европа, македонската дипломатија интензивно се подготвува за претстојниот самит на Унијата. Од министерството за надворешни работи информираат дека министерот Антонио Милошоски испратил и писма со барање за поддршка за Македонија да добие датум за преговори до сите колеги од земјите членки на Унијата.
Во средбите со меѓународните претставници се користела и можноста да се спомене проблемот со името, во обид да се помогне во изнаоѓање брзо решение.
Проблемот е премногу длабок и ќе помине одредено време за тој да се реши


Интензивна комуникација со Грција?

Вчера премиерот Груевски изјави дека се прават интензивни напори во комуникацијата со Атина да се надмине прашањето со името и да се најде некое решение кое што би ги деблокирало процесите и би ги нормализирало односите меѓу Македонија и Грција.
Експертите велат дека нема сомневање оти надлежните институции работат на надминување на проблемот со кој се соочуваме. Но, според Ристо Никовски, советник за надворешна политика на претседателот Горге Иванов, необјективно е да се очекува негово решение во блиска иднина.
Состојбата во која сме доведени де факто ја доведува во прашање политичката стабилност на земјата, а со тоа мирот и безбедноста во регионот


,,Проблемот е премногу длабок и ќе помине одредено време за тој да се реши, или да се надмине и да се тргнат блокадите на кои сме соочени.,,

Според Никовски потребна е постојана дипломатска офанзива од наша страна, оти проблемот со името повлекува многу последици, токму затоа ова прашање во моментот е најголем приоритет за земјава, посочува Никовски.

,,Состојбата во која сме доведени де факто ја доведува во прашање политичката стабилност на земјата, а со тоа мирот и безбедноста во регионот. Го доведува во прашање економскиот развој на Македонија и политичкиот баланс кој постои, социјалниот мир."

Министерот Милошоски упатил јавен повик и до медијаторот Нимиц за што побрзо да предложи некое решение. Премиерот Груевски вчера посочи дека една од поважните работи е и редовната комуникација, средби и контакти и на секој друг начин обиди да се прикаже состојбата, вистината и да се побара посилен ангажман во процесот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG