Достапни линкови

Поканата до Нимиц - маркетиншки потег?


По подолго време МНР со инцијатива во врска со спорот за името - го покани Нимиц да ги посети Скопје и Атина
По подолго време МНР со инцијатива во врска со спорот за името - го покани Нимиц да ги посети Скопје и Атина

Маркетиншки потег пред НАТО самитот, дефокусирање на јавноста од проблемот со терминот „македонски“ или пак зголемена иницијативност? Што стои зад поканата до Нимиц?

По еден подолг период, токму сега македонското МНР реши да настапи со иницијатива во рамките на надминувањето на спорот за името и да го покани медијаторот на ОН Метју Нимиц да ги посети Скопје и Атина. Сметаме дека една таква посета на медијаторот Нимиц на Скопје и Атина ќе даде дополнителен импулс во македонско-грчките разговори за наметнатиот спор. Придвижувањето на дијалогот може да биде добра основа за натамошно зголемување на меѓусебната доверба меѓу двете земји во насока на надминување на разликите, за што
Повеќе го гледам во склоп на претстојниот самит на НАТО во Лисабон, мислам дека и американската администрација и ОН, сакаат да видат некоја активност, барем некој обид пред тоа да се
случи.
Република Македонија е подготвена да го даде својот придонес. Вака МНР ја објаснува својата иницијатива на која експертите сеуште не гледаат како на суштинска можност за промена на позициите, туку повеќе како на маркетиншки потег од страна на македонските власти.

„Повеќе го гледам во склоп на претстојниот самит на НАТО во Лисабон, мислам дека и американската администрација и ОН, сакаат да видат некоја активност, барем некој обид пред тоа да се случи. Тоа ни се случува пред секој самит, а после секој самит ,,кукаме" како сме ги пропуштиле шансите и во таа насока гледам една ’фасада‘ на активности пред овој самит“, изјави политикологот Петар Арсовски.


Медиумското популаризирање на ваквата иницијатива наместо нејзиното сведување на редовна дипломатска практика само ја потврдува тезата, додава аналитичарот Албер Муслиу. Сето ова според него може да биде дел од подготовката за избори или можеби и како обид за дефокусирање на јавноста од прашањето на именувањето на јазикот во листата на ОН. Од друга страна се
Македонија е должна, поради обврзаноста на завршувањето на преговорите за името, со нашите евроинтегративни процеси, тој процес да го забрзува што
повеќе.
надева и дека зад ваквата иницијатива стои зголемена свест за потребата од зголемена иницијативност за да се надмине спорот којшто блокира.

„Да има освестување. Македонија е должна поради обврзаноста на завршувањето на преговорите за името, со нашите евроинтегративни процеси тој процес да го забрзува што повеќе. Ние имаме интерес тие преговори да се завршат и динамиката да биде што побрза“, вели Муслиу.

Останува да се види дали медијатопрот ќе ја прифати поканата. Екпертите прогнозираат дека тој нема да може да одбегне официјална покана на една од засегнатите страни но дека промена на позициите нема да чуе. Медијаторот на последните средби со преговарачите од двете страни рече дека ќе го посети регионот тогаш кога ќе има некаков конкретен напредок во преговорите. Но најавите и на генералниот секретар Бан Ки Мун дека ќе се заложи за зголемување на динамиката на разговорите, само значат дека ќе се инсистира на директните средби Груевски Папандреу кои единствено ја имаат релната моќ да го решат спорот.
XS
SM
MD
LG