Достапни линкови

И по Лисабон, статус кво?


Македонскиот претседате Ѓорге Иванов во Лисабон на самитот на НАТО
Македонскиот претседате Ѓорге Иванов во Лисабон на самитот на НАТО

По самитот на НАТО во Лисабон, во јавноста има впечаток дека не може да се очекува напредок во решавањето на спорот за името и покрај изјавите на Иванов.

Ниту по самитот во Лисабон, значителен напредок во решавањето на спорот за името и во македонските евроинтегративни процеси не очекува ниту опозицијата, ниту експертите без оглед на изјавите кои што во Лисабон ги даде шефот на државата дека постојат нови иницијативи и поместувања од постоечкото статус кво. Не исклучувајќи ја можноста нови иницијативи да се случат во форма на нови директни средби или со посредство на медијаторот не може да види изгледи тие да доведат до нешто ново, вели професорот Ивица Јосифовиќ.
Грците на самитот на НАТО во Лисабон го добија она што го бараа, јасно да се каже дека нема да има прием на Македонија без решение на спорот за името и тие се се мирни околу тоа и ќе си останат и сега ќе чекаат потегнување на некои чекори од страна на Македонија.


НАТО самитот во Лисабон

„Грците на самитот на НАТО во Лисабон го добија она што го бараа, јасно да се каже дека нема да има прием на Македонија без решение на спорот за името и тие се се мирни околу тоа и ќе си останат и сега ќе чекаат потегнување на некои чекори од страна на Македонија.“

Опозицијата нема информации за никакви поместувања, и тоа, вели Владо Бучковски од опозицискиот СДСМ, ја става во подредена состојба без можност релевантно да суди за такво нешто. Од она што се официјални информации од последниот самит на НАТО, тој вели дека останува јасно дека остварените средби кои што претседателот Иванов ги процени како поважни во овој момент од евентуални средби со грчката страна, нема да го решат суштинскиот проблем кој се потврдува и по нивното реализирање.

„Средбите од ’нога‘ што видовме дека се направени додека траеше самитот на НАТО и со претседателот Обама и со канцеларката Меркел, нема да го решат проблемот што Република Македонија го има од Букурешт наваму. Мислам дека изјавите на Иванов се само за домашна употреба, а немаат никаква допирна точка со реалноста.“
Мислам дека изјавите на Иванов се само за домашна употреба, а немаат никаква допирна точка со реалноста.


Доколку има иницијативи во претстојниот период тие секако би се однесувале на интензивирање на директните средби меѓу македонската и грчката страна и Иванов тоа нна некој начин го најави во Лисабон, но тие се уште не покажуваат изгледи за поместување на позициите, туку веројатно само би продолжиле во насока на потврдување на волјата на двете страни, вели Јосифовиќ. За суштинско водење на преговори се уште подготвеност нема ниту на едната ниту на другата страна, вели тој, а тие би се однесувале пред се на високо сензитивните разговори околу име со географска одредница ерга омнес и околу идентитетот, јазикот и културата.
XS
SM
MD
LG