Покрај потребата од избори, опозициската СДСМ до собранието поднесе и барања за промена на избирачкиот закон, за формирање комисија која ќе го контролира избирачкиот список, како и барање за распуштање на парламентот.
Петар Поп -Арсов од ВМРО-ДПМНЕ неодамна изјави дека ако се гледаат анкетите и моменталниот рејтинг на партиите, на власта и одговараатпредвремени избори. Во интервју за Сител,премиерот Никола Груевски не одговори дали ќе има предвремени избори, но ги коментираше останатите барања на опозицијата.
,,Првите две ние одамна ги имаме почнато, при крај се. Министерството за правда работи на избирачките списоци и исто така на изборниот законик, практично една верзија е готова и сега се вршат консултации. За третата работа ќе имаме консултации и во партијата, ќе го чуеме мислењето и на коалиционите партии и ќе донесеме одлука што да правиме."
Демокраската Унија за интеграција пак, оценува дека сега не е време за предвремени избори. Прво внатрешен компромис за прашањето со името, а потоа избори, вели потпретседателката на ДУИ Теута Арифи.
,,Македонските политички партии влезени се многу длабоко во меѓусебна тешка битка во однос на името, што мислиме дека е домашна. Би било најдобро за државата да се постигне еден внатрешен компромис пред изборите, доколку би се постигнал еден таков компромис ние би оделе на избори."
Спротивно на овие тврдења, од опозициската Нова Демократија велат дека ќе ги поддржат предвремените избори. Фрлора Кадриу од оваа партија вели дека тоа е неопходна потреба, со која треба да се прекине лошите политики на владејачките ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ.
,,Неминовна е потребата актуелната власт да се замени затоа што е изгубена во популизам и едноумие."
Опозициската Либерално-демократска партија пак, ја поддржува секоја можна иницијатива за предвремени избори, дури и кога таа доаѓа од како што велат политичар кој е веќе истрошен на политичката сцена.
,,Ние како опозиција јасно кажуваме дека оваа неуспешна и пред се безперспективна полиитка на Груевски треба веднаш да биде сменета, но јасно кажуваме дека Бранко Црвенковски не е тој што треба да биде алтернатива на оваа владеење."
изјави Андреј Жерновски од ЛДП.
На вчерашниот марш за демократијата организиран од Социјалдемократскиот сојуз, лидерот Бранко Црвенковски го повика премиерот Груевски да ја прифати подадената рака на опозицијата и да ја искористи оваа можност за предвремени избори. Тој најави дека маршот ќе продолжи се додека не ја оствари својата цел.
- - -
Видео анкета за работата на политичарите:
Петар Поп -Арсов од ВМРО-ДПМНЕ неодамна изјави дека ако се гледаат анкетите и моменталниот рејтинг на партиите, на власта и одговараат
За третата работа ќе имаме консултации и во партијата, ќе го чуеме мислењето и на коалиционите партии и ќе донесеме одлука што да правиме
,,Првите две ние одамна ги имаме почнато, при крај се. Министерството за правда работи на избирачките списоци и исто така на изборниот законик, практично една верзија е готова и сега се вршат консултации. За третата работа ќе имаме консултации и во партијата, ќе го чуеме мислењето и на коалиционите партии и ќе донесеме одлука што да правиме."
Демокраската Унија за интеграција пак, оценува дека сега не е време за предвремени избори. Прво внатрешен компромис за прашањето со името, а потоа избори, вели потпретседателката на ДУИ Теута Арифи.
Би било најдобро за државата да се постигне еден внатрешен компромис пред изборите, доколку би се постигнал еден таков компромис ние би оделе на избори