Достапни линкови

Предвремени избори?


Опозицијата најавува битка за предвремени избори
Опозицијата најавува битка за предвремени избори

Со ваков пристап, опозицијата нема да привлече многу гласачи и покрај барањата за предвремени избори, сметаат експертите. Власта изразува подготвеност за избори.


И на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и одговараат предвремени избори. Од оваа партија изразуваат подготвеност сериозно да ја разгледаат и да одговорат на секоја иницијатива која доаѓа од страна на опозицијата.

„Показателите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има апсолутна предност. Од таа гледна точка на нас ни одговараат предвремени избори и ние како власт сериозно ќе ги изанализираме сите состојби во државата и од тоа ќе зависат нашите идни чекори“, изјави Петар Поп-Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.

Од вледеачката ВМРО ДПМНЕ велат дека се подготвени за предвремени избори

И од Демократската Унија за интеграција велат дека секоја партија на власт треба да биде подготвена во секое време да се соочи со граѓаните и да го заслужи нивниот глас. Рафиз Алити од оваа партија вели дека централното претседателство на ДУИ ќе го разгледа овој предлог од опозицијата, по што ќе го соопштат партискиот став.

„Секоја партија во секој момент треба да биде подготвена да излезе пред граѓаните на редовни избори и на предвремени избори.“

СДСМ мора да севрти кон сиромашните.

Од друга страна, пак, политичките аналитичари укажуваат на потребата од менување на пристапот на опозициската СДСМ. Наместо својата битка за предвремени избори да ја водат со конкретни предлози и решенија за актуелните проблеми, вчерашниот митинг на оваа партија не понуди ништо ново освен и досега слушнатите навреди и меѓусебни обвинувања.

„Ако ги убедуваат граѓаните дека лошо владее оваа сегашна власт, нема да успеат да привлечат поголем број гласачи од тие неопределени, треба да се свртат кон себе, кон сопствена промена, отколку да мислат дека ќе ги добијат гласовите на гласачите преку напад на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините владини политики“, изјави политикологот Здравко Савески.

Нужно е, вели Савески, опозицијата да се заинтересира за интересите на посиромашните слоеви од населението оти без да ги убеди нив дека СДСМ ќе им помогне кога ќе дојде на власт, мали се шансите за евентуална победа на предвремени избори.
На вчерашниот митинг во Штип, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски најави битка за предвремени избори. На 16 декември соопштија дека до парламентотот ќе достават барање за разрешување на актуелната влада.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG