Достапни линкови

Интервју - Мендух Тачи


Мендух Тачи
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:05 0:00

Претседател на ДПА

Македонците бараат јас да се солидализирам затоа што некој сака да им го уништи идентитетот, а тие мене секојдневно ми го уништуваат идентитетот.

Г-дин Тачи, ако челници на ДУИ биле шпиони на Удба, значи ли тоа дека Удба преку ОНА ја водеше војната за правата на Албанците во Македонија?

Се е точно до последната реченица. Удба не ја водеше борбата за правата на Албанците, туку УДБА беше во уфрлена во Македонија за да се наштети процесот на независноста на Косово, требаше да се докаже дека се работи за еден турбулентен народ кој нема политички барања туку има само криминали или моментални барања. Мислам дека веќе е јасно дека 2001 година беше комплетно сценариото на Белград. Луѓето тука забораваат дека 2001 година УДБА не беше само една, во Белград, туку имаше две, новата УДБА на демократските сили во Србија и старата која веќе се распаѓаше, но процентот не се знаеше која беше посилна. УДБА-та на старите структури 51% или УДБА-та на новите структури 49%.

Вие тогаш бевте на власт, дали сега велите дека конфликтот во 2001 година, не беше праведна борба?

Тоа сум го рекол тогаш и денеска ќе го кажам и понатаму ќе го кажувам - Албанците во Македонија немаат никаква причина да направат војна, имаат причина за да ги искажуваат своите незадоволства во други правци, преку демократскиот процес што се одвива во целиот регион. Не сум зборувал само јас тогаш така, зборуваше и г-динот Робертсон, Солана, сите тогашни амбасадори на западните земји во Македонија. Ќе ве упатам, 7 Мај 2001 имате интервју на британскиот амбасадор Марк Дикинсон кој вели децидно дека луѓето што се наоѓаат ,,таму горе" се испратени од Србија и од Милошевиќ. Ова сега што се случува, само се става печат на таа вистина.

Со оглед на тоа дека сте убедени дека ќе излезат аргументи за антинационално дејствување кај некои членови на ДУИ, дали намерата вие отстранување на тие личности од политичката сцена или преиспитување на случувањата во 2001 година?

Последното. Претпоследното не е целта. Уште еднаш јавно ќе кажам дека не сакам власт, не сакам ниту предвремени избори, не е ова политичка кампања, сакам редовни демократски избори, сакам власт со демократски избори. Не се работи за политички трик или политичка тактика на ДПА или некој друг, многу жалам што некои луѓе сакаат да посочат дека јас се разбирам во тајните служби. Не се разбирам, но јас правам политика, имам политички предвидувања и секогаш кога зборам дека нешто ќе се случува зборувам од политички аспект, а не од таен аспект или од аспект на некои служби што имам информации. И трето, не сум толку млад за да ме сметаат за толку наивен. Јас лично, мојата партија сме дел од таа историја, а таа историја на Албанците не е од 2001 година, таа историја на Албанците е од 1941, 45, 56, 68, 81, па до независноста на Косово. Мислам дека оваа ситуација ќе се разреши политички. Сите тие што ,,урлаат" дека ќе се случува нешто скандалозно, нема ништо да се случи. Албанците на најдемократски и легитимен начин ќе ги отстранат ваквите ,,Удбаши" од политичката сцена.

Од каде треба да дојдат докази за тврдењата за антинационални дејствувања во рамките на ДУИ?

Од мене, од некој друг, од некој утепан, од некој што бил во затвор 15 години, од некој кој што избегаат од албанските територии. Тоа е наша историја, ние како цивилизирано општество, како Албанци, мораме да ја гледаме вистината во очи. Мислам дека злоупотребите што сакаат да ги направат другите, сметам дека Албанците нема да дозволат, тука се нивните политички лидери, интелектуалци и други луѓе што ќе дадат придонес оваа работа да се расчисти политички.

На политичката сцена опозицијата настојува да понуди, политички алтернативи на власта и во таа смисла најавува фронтови. Какви се вашите планови, дали сте заинтересирани да им се придружите на македонските партии од опозицијата?

Тоа е точно, дека двете страни се опозиција и имаме заеднички цели, но ние како албанска опозиција имаме и посебни цели. Нашата посебна цел е, Албанците во Македонија, брзо на демократски начин да бидат во рамноправен, социјален, политички и национален ранг со Македонците. Ние продолжуваме да ја тераме оваа политика бидејќи мислиме дека без внатрешна интеграција во Македонија, на Албанците и Македонците, илузорна е да се зборува за интеграција во другите глобални структури како НАТО, ЕУ итн.

Имавте ли средби во изминатиот период со Црвенковски и дали сте сега поблиски или останува вашата дистанца кон политиката на СДСМ која порано жестоко ја критикувавте?

Немам емоции, ниту позитивни, ниту негативни. Јас сум политичар и кога ќе седнам со секого ќе разговарам. Ги задржувам тие ставови и не сум јас тој што викам дека СДСМ е наследство, политички-правно од Белград, сигурно дека тоа е нивен проблем и сигурно ќе успеат да се реформираат. Без оглед која политичка сила од страна на Македонците ќе добива легитимитет, ќе ни биде легитимен партнер за дијалог, за договор, за заедничко владеење, под услов да се договараме и за нашата платформа, и за нашата програма.

Дали планирате враќање на вашите пратеници во Парламентот?

Не, иако многу е дигната ,,прашина" околу враќањето на пратениците. Јас мислам дека главниот услов е да се вратиме во политичкиот дијалог. Враќањето во политичкиот дијалог на ДПА, ќе подразбира, автоматски враќање на пратениците во Собранието, тој политички дијалог веќе осум-девет месеци не постои. Јас и ДПА сносиме дел од одговорноста, но таа е мала одговорност, наспроти таа што ја има владата за тоа зошто немаме политички дијалог.

Дали во вашата платформа за вас се најбитни националните прашања? Што со економско-социјалните теми?

Мислам дека дискриминацијата на Албанците тука е политичка, ако ја легитимирате политичката дискриминација, автоматски се подразбира дека тука е економската дискриминација. Само погледнете како се распределува буџетот, веднаш ќе сфатите дека наместо Албанците да го искористат тој буџет 25-30%, тие се уште продолжуваат да имаат придобивки од тој буџет само 2-3 отсто, од сите сегменти на општеството, од здравство, култура, образование.

Зошто тогаш ДУИ и натаму има повисок рејтинг кај гласачите во споредба со вашата партија?

Г-динот Ахмети има 4%, а ДУИ има 10 отсто. Не постои ДУИ и Ахмети. За нашиот рејтинг, сериозни се работите, но нешто сакам да кажам-не спаѓам во делот на политичарите што живеат од рејтинг, јас сум дел од тие лидери што сакаат да ги разрешат проблемите, без оглед на рејтингот. Секогаш кога правите реформи, кога одите напред, тие се болни реформи.

Веќе подолго време се наоѓате на црната листа на САД. Кога ќе бидете тргнати оттаму?


Формулацијата е претешка. Не сум дел од црна листа, само имам забрана за виза. Црна листа и е многу силен збор, Бин Ладен, терористи итн... Никогаш сериозно не сум се занимавал со таа работа, никогаш не сум потпрашувал на сите јавни и тајни средби што сум ги имал со претставниците на САД, мислам дека одговорите што тие ги даваат се поточни, вие сте свесни дека јас влегувам во нивната територија, во Амбасадата, која е екстериторијална и не жалам поради тоа, не патам поради тоа, бидејќи имам друга позитивна логика - тоа што направија Американците за мојот народ, јас апсолутно не сум важен, може се друго да направат, нема никогаш да им се налутам, апсолутно тие за мене и за секој нормален Албанец се нешто повеќе.

Каков е вашиот став за името?

Ич не не` интересира, тоа е проблем на Македонците. Затоа што тука се многу работи нејасни. Македонците бараат јас да се солидаризирам затоа што некој сака да им го уништи идентитетот, а тие секојдневно почнувајќи од устата на премиерот, па до обичниот Македонец мене ми го уништуваат идентитетот, со зборовите, македонска држава, македонска култура, македонска Армија... Не, не, тука има Албанци, тука има и друг идентитет и второ да би посакал да помогнам, погрешно ќе се разберат зборувам како Албанец, тоа е нивен проблем, мора да го решат.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG