Достапни линкови

Интервју - Стевче Јакимовски


Стевчо Јакимовски
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:15 0:00

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош

Груевски на овие граѓани годишно им троши две и пол милијарди евра, значи тој е платен и должен е да ги решава нивните проблеми, a не опозицијата. Второ, тој никогаш не ја слуша опозицијата, мисли дека се знае и се сам може да реши, и трето тој е прикажан и докажан како извонреден патриот и ние веруваме во неговите патриотски чувста и намери и се што тој мисли дека ќе биде добро за државата, ние сметаме дека ќе биде добро и за нас и како такво и ќе го подржиме.


Г-дине Јакимовски, со објавувањето на чекори на опозицијата за распуштање на парламентот се покренаа повеќе шпекулации. Една од нив е дека ако СДСМ победи на избори, вие ќе бидете премиер. Точно ли е ова?


Таква работа никогаш не е зборувана на партиските органи, а она што јас лично мислам дека Бранко Црвенковски ја водел Македонија во најтешките моменти, најпрво од распадот на Југославија кога во целиот регион виореа војни и кога се затвори целиот пазар, тогаш оваа држава ја водеше Бранко Црвенковски, мислам дека успешно се помина тој период со тоа што Македонија не влезе во никакви социјални потреси. Истото се помина и во 2002 година по војната криза и нарушениот меѓународен углед, целосната политичко-безбедносна, етничка и економска дестабилизација, повторно на чело дојде Бранко Црвенковски кој што во 2006 година практично ја остави државата со стасус на кандидат за членство во ЕУ, со признаено уставно име од САД, политичко-безбедносно, меѓуетнички и економски стабилизирана. Значи дека неговите квалитети во водење на државата според мене се потврдени и она што е најбитно мислам дека повторно нашата држава влегува во ќорсокак како што беше во 2002 година и повеќе од се ќе ни бидат потребни искусни луѓе наспроти детската градинка што денеска ја имаме на власт.

Кога ќе погледнете на она што СДСМ го очекува од вас или вие од СДСМ сметате ли дека вашиот влез во партијата е добар потег, од аспект на тоа како напредувате во партијата. Дали лидерот Црвенковски ве кочи во тоа?

Апосолутно, напротив. Имам максимална поддршка и од претседателот Црвенковски и од членството и мене ми е драго што нашата 10-годишна соработка се круниса со членство во СДСМ. Напротив мислам дека ова е добар потег за уште поголемо докажување, затоа што едно е да си член во мала партија, друго е да си член во голема партија, односно во главната опозициона партија. И мислам дека ова беше добар чекор, кој е и во интерес на СДСМ, но и за мене како градоначалник.

Што се случува со предлогот на СДСМ за Влада во сенка. Дали сте добиле понуда за висока позиција во неа?

Јас за таква работа не сум заинтересиран бидејќи јас сум во овие моменти градоначалник на Карпош, граѓаните повторно ми ја дадоа довербата, за што сум им благодарен и сметам дека треба да им се оддолжам на најдобар можен начин и мандатот да го завршиме така како што сме се договориле.

СДСМ очекува предвремни парламентарни избори. На што ја темелите таквата проценка?

На лошата економска состојба, на безизлезната ситуација на надворешен план, безизлезната ситуација со спорот со Грција, влошените меѓуетнички тензии, на немањето политички дијалог, на нарушените демократки процеси, на запирање на реформите во судството и партизацијата на судството, на тоа што целата наша јавна админстрација е целосно партизирана, практично непостои државен орган кој не е партиски во оваа држава, значи на лошо функционирање на системот и целосно изгубениот кредибилитет на институциите на системот во Македонија.

Дали распуштањето на Парламентот треба да тргне преку ДУИ и ако не кој е другиот начин?

Како резултат на катастрофалната состојба во сите делови, посебно финансиската криза и паѓањето на стандардот на граѓаните, ќе доведе до сериозни тензии кај целокупното граѓанство и незадоволството владата нема да може да одолее на сите тие притисоци и најдобро решение за сите во државата ќе биде да се оди на нови парламентарни избори и да се види кое е тоа водство што ќе добие нареден четири годишен мандат.

Кој би бил патот во моментот, преку кој би одело распуштањето на овој состав?

Па, нормално кога ќе се создаде доволно зрела политичка ситуација, секако како резултат на неа, ќе дојде нужна потреба за разрешување на таа ситуација, а разрешувањето е преку распуштање на Парламентот и распишување на нови парламентарни избори.

Има ли СДСМ платформа за името? Не е ли бегање од одговорност за витални прашања, кога СДСМ вели дека ќе го подржи премиерот што и да договори?

Не. Прво Груевски на овие граѓани годишно им троши две и пол милијарди евра, значи тој е платен и преплатен и должен е да ги решава нивните проблеми, а не опозицијата. Второ, тој никогаш не ја слуша опозицијата, мисли дека се знае и се сам може да реши, и трето тој е прикажан и докажан како извонреден патриот и ние веруваме во неговите патриотски чувста и намери и се што тој мисли дека ќе биде добро за државата, ние сметаме дека ќе биде добро и за нас и како такво и ќе го подржиме.

Што значи бланко поддршка и дали е тоа конструктивност кога знаеме дека Грција бара тоа решение да биде „ерга омнес“?

За Груевски ништо не е конструктивно и кога молчиме не е конструктивно, тогаш се жали дека не сме му давале предлози, и кога му даваме предлози за него тие се неприфатливи, и кога ќе кажеме дека ќе му дадеме бланко поддршка и тогаш тој е незадоволен, смета дека опозицијата не треба така да се однесува и дека тоа не била доволно искрена поддршка. Напротив, сметаме дека тој е на власт, тој е премиер, во историјата на Македонија имал највисок рејтинг и тој нависок рејтинг треба да го искористи за решавање на крупни политички прашања во државата, а едно од нив е прашањето за спорото со името со Грција што практично треба да ни ги отвори перспективите во НАТО и ЕУ.

Во последно време имаше средби меѓу лидерот на СДСМ и ДУИ. Дали постои нешто што ги поврзува овие две партии во контекст на евентуални предвремени избори?

ДУИ и СДСМ ги поврзува извонредно добра соработка од 2002 година до 2006 година и напротив мислам дека е добро што има средба меѓу претседателот Црвенковски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и со Менудх Тачи и со останати лидери, затоа што мислам дека тоа е добро за демократијата, за политичкиот живот и дека ако немаме дијалог власт-опозиција, имаме дијалог со дел од власта, а тоа е ДУИ и мислам дека е добро што партиите на Албанците, ДУИ и ДПА се сериозен полтички партнер во Македонија и мислам дека за крупни политички прашања е многу битно да се прават консултации и разговори со овие партии, во рамките на тоа секако и разговори за предвремени парламентарни избори.

Во контекст на предвремени избори треба ли да се форсираат коалиции со други партии како партијата на Тачи, Георгиевски, Бошкоски?

Зошто да не!? Треба да се форсираат коалиции, меѓутоа треба да се размисли за ефектите што ќе се имаат и резултатите во самиот изборен циклус. Некои од коалициите ќе се прават предизборно, некои постизборно како резултат на ефектите што се постигнати. Мислам дека треба да се направи една добра стратегија за да се постигне најдобар можен ефект, ако е тоа во коалиција секако дека тоа ќе биде така. Меѓутоа мислам дека Георгиевски, има сосема друго гласачко тело за разлика од она што е СДСМ и затоа мислам дека во тој дел е многу тешко да се прават било какви предизборни коалиции.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG