Достапни линкови

Во МНР молк за случајот Викиликс


Mинистерство за надворешни работи
Mинистерство за надворешни работи

МНР засега без коментар за американските документи објавени на интернет страната Викиликс кои се однесуваат на Македонија.

Министерството за надворешни работи се воздржува од коментар за американските документи што ги објави интернет страната Викиликс, а се однесуваат на Македонија, односно на грчко-македонскиот спор за името.

Дел од медиумите пренесоа дека грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас протестирал и побарал Вашингтон да спречи објавување на тајни документи кои можат да и наштетат на Грција.

Завчера, лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи, пак, најави дека Викиликс наскоро ќе објави документи за улогата на грчката влада во врска со конфликтот во 2001 година и за улогата на некои претставници на Албанците во врска со спорот за името.

Според еден од документите што се однесува на Македонија, американскиот помошник на државниот секретар Филип Гордон изразил надеж дека ако македонските власти се откажат од идејата за референдум за името, а Атина да се откаже од барањето за промена на пасошите, можен е напредок во преговорите за името.

Во друг документ од 2008 година, пак се наведува дека советникот за стратешки прашања на францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, Филип Ерера рекол дека македонската влада ја потценува
Моја проценка е дека македонската јавност нема да биде многу изненадена од ставовите кои таму ќе бидат
презентирани.
сериозноста на спорот за името за Грција и оти САД не треба да ја направат истата грешка. Франција нема да врши притисок врз Грција за ова прашање, рекол Ерера. Тој навел дека ако Атина попушти во спорот за името, владата ќе падне, а наредната влада што ќе дојде веројатно ќе биде непријателски расположена кон проширувањето на НАТО.

Советникот за национална безбедност на поранешните претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, професор Стево Пендаровски се согласува дека во досегашните документи што се однесуваат на
Македонија нема ништо многу битно.

„Моја проценка е дека македонската јавност нема да биде многу изненадена од ставовите кои таму ќе бидат презентирани. Прво затоа што американската дипломатија е професионална машина, тие работат подолг период и верувам дека правилно ги проценуваат состојбите.“
Неверувам дека македонската јавноста ќе биде изненадена затоа што ние сепак во тој дел, во делот на политичките профили, подобро ги знаеме нашите политичари од Вашингтон.


Според најавите од Викиликс, на сајтот ќе бидат објавени неколку стотини дописи од американската амбасада во Скопје или пак документи во кои се споменува Македонија.

Во дел од досега објавените документи, дипломатите ги оценувале и карактерите на политичарите. Па така шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ е опишан како човек што не си ги исполнува ветувањата, германската канцеларка Ангела Меркел не е креативна, рускиот претседател Дмитриј Медведев му е Робин на Бетменот Путин, францускиот претседател Николас Саркози е цар без облека, а либискиот претседател Моамер Гадафи е едноставено чуден.

Премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папанреду на средба во Брисел на 26 мај 2010

Пендаровски вели дека дипломатска пракса е да се дава и проценка за психолошкиот профил и карактерот на дипломатите и политичарите.

„Не исклучувам дека такво нешто ќе излезе и за нашите политичари бидејќи е неспорно дека не само Американците туку и сите други, и ние од таква служба го правиме тоа за нашите соговорници, но неверувам дека македонската јавноста ќе биде изненадена затоа што ние сепак во тој дел, во делот на политичките профили, подобро ги знаеме нашите политичари од Вашингтон.“

Американската државна секретарка Хилари Клинтон оцени дека објавувањето на дипломатските дописи е „напад врз меѓународната заедница“ и оти предизвикуваат штети врз меѓународната безбедност и тешкотии во партнерството со сојузниците.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG