Достапни линкови

Вашингтон лут на Викиликс


Џулијан Асанж - Викиликс
Џулијан Асанж - Викиликс

Вашингтон е лут и стравува дека протокот на информациите на Викиликс може да стави на ризик дипломати, разузнавачи и луѓе од целиот свет кои им се обраќаат на САД за помош во промовирањето на демократијата и транспарентноста на владеењето. Од друга страна, повеќе светски медиуми објавија документи, во кои има информации и за македонско-грчкиот спор за името.


Објавата на 250 илјади дипломатски коресподенции на интернет странцата „Викиликс“ го разгневи официјален Вашингтон.

„Таквите објави ги ставаат на ризик дипломатите, професионалците за разузнавање и луѓето од целиот свет кои им се обраќаат на Соединетите Американски Држави за помош во промовирањето на демократијата и транспарентноста на владеењето“, се вели во соопштението од Белата куќа.

Американскиот републикански конгресмен Питер Кинг испрати апел за кривично гонење на основачот на интернет порталот „Вики Ликс“ Џулиан Асанж.

Адмиралот Мајк Мулен – шеф на главниот штаб изјави:

„Сметам дека одговорните во Викиликс не разбираат дека живееме во свет во кој една мала информација додадена на мрежата од информации може да отвори сосема ново разбирање на работите. Така што тоа може да биде многу опасно.“

Адмирал Мулен изрази надеж и дека ќе надвладее одговорноста.

„Се надевам дека одговорните за ова ке размислат за одговорноста што ја имаат за животите на луѓето кои се изложуваат на опасност со протекот на овие информации.“

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, пак, изјави:

„Генералниот тренд на одговорност во американската војска е загрижувачки. За среќа има добри луѓе во американската влада. Некои од нив гледаат на работите на друг начин и се подготвени да ни дадат материјали да го направиме тоа и нам и на други новинари исто така.“

Интернет страницата на Викиликс


Што објави Викиликс?

Во документите се наведуваат информации за иранските намери за адаптирање на севернокорејски ракети со долг дострел, за корупцијата во владата на Авганистан и за односите меѓу светските лидери, како на пример Силвио Берлускони и Владимир Путин. Потоа за врските на руската влада и криминалот, за разговори со словенечки дипломати на кои им било порачано да земат затвореници од Гвантанамо и така натаму.

Викиликс: Македонско-грчки спор

Инаку, британскиот весник Гардијан на својата интерет страна објави делови од досијата на „Викиликс“ во кој во еден дел се споменува Македонија. Како што наведува „Гардијан“, станува збор за средба на американскиот помошник државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Филип Гордон со француски дипломатски советници. Во дел од документот се пренесува разговорот што го воделе на 16 септември 2009-та и наведено е дека францускиот дипломатски советник Жан Давид Левит изразил надеж оти новата грчка влада ќе биде посилна и ќе покаже повеќе флексибилност во македонско-грчкиот спор за името. Гордон, пак, изразил надеж дека доколку меѓународната
заедница може да ја убеди Македонија да ја напушти идејата за референдум и воедно Грција да ја напушти идејата за промена на пасошите ќе може да се направи прогрес.



  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG