„По самитот во Лисабон, НАТО е подготвено да се конфронтира со предизвиците кои можат да претставуваат закана за сигурноста во 21 век. Најважна одлука во тоа е воспоставувањето ракетен одбранбен штит, како и договорот дека НАТО треба да се реформира со цел неговите институции да станат поадекватни на денешниот свет.“
Ова го оцени американскиот амбасадор во НАТО Иво Далдер во интервју за Радио Слободна Европа. Во врска со она што е заклучено во Лисабон занатамошното ширење на Алијансата тој вели:
„Секој кој ги читал стратегиските документи и официјалното коминике може да се увери дека натамошното ширење на НАТО сојузот е централен аспект на Алијансата. Политиката на отворена врата е реафирмирана во согласност со членот десет од основниот договор.“
Тој прецизира дека во него се вели оти НАТО ќе покани и може да покани секоја европска земја која ќе ги достигне стандардите за членство во Алијансата и која може да придонесе за сигурноста на северно атлантскиот простор.
„Ја реафирмиравме одлуката од Букурешт која се однесува за Македонија што значи дека поканата за членство на таа земја ќе следи откако ќе биде решено прашањето со името“, изјави Далдер.
Тој наведува дека НАТО останува отворен за Грузија, како и за Украина иако, како што наведе, таа земја засега сака да остане надвор од кој и да е сојуз.
На самитот, според него, било поздравено приближувањето на Црна Гора до Алијансата, а што се однесува до Босна и Херцеговина тој наведе дека еден од клучните услови е и решавањето на прашањето со сопственоста на воениот имот.
„Ова не е само внатрешен проблем, туку потенцијално проблем и во идните односи меѓу Босна и НАТО“, вели Далдер додавајќи:
„Конечно, одговорноста не е на НАТО, туку на секоја земја која сака да му се приклучи. Таа треба да си донесе сопствени одлуки и да ја демонстрира својата подготвеност да придонесе за колективната безбедност и да стане членка на НАТО. Секоја земја која сака да влезе во Алијансата е соочена со тешки одлуки и со политички процес кој никогаш не е едноставен“, изјави американскиот амбасадор во НАТО Иво Далдер во разговорот за Радио Слободна Европа, а во врска со заклучоците на самитот на Алијансата што се одржа во Лисабон.
Ова го оцени американскиот амбасадор во НАТО Иво Далдер во интервју за Радио Слободна Европа. Во врска со она што е заклучено во Лисабон за
Ја реафирмиравме одлуката од Букурешт која се однесува за Македонија што значи дека поканата за членство на таа земја ќе следи откако ќе биде решено прашањето со иметo.
„Секој кој ги читал стратегиските документи и официјалното коминике може да се увери дека натамошното ширење на НАТО сојузот е централен аспект на Алијансата. Политиката на отворена врата е реафирмирана во согласност со членот десет од основниот договор.“
Тој прецизира дека во него се вели оти НАТО ќе покани и може да покани секоја европска земја која ќе ги достигне стандардите за членство во Алијансата и која може да придонесе за сигурноста на северно атлантскиот простор.
„Ја реафирмиравме одлуката од Букурешт која се однесува за Македонија што значи дека поканата за членство на таа земја ќе следи откако ќе биде решено прашањето со името“, изјави Далдер.
Тој наведува дека НАТО останува отворен за Грузија, како и за Украина иако, како што наведе, таа земја засега сака да остане надвор од кој и да е сојуз.
На самитот, според него, било поздравено приближувањето на Црна Гора до Алијансата, а што се однесува до Босна и Херцеговина тој наведе дека еден од клучните услови е и решавањето на прашањето со сопственоста на воениот имот.
Секоја земја која сака да влезе во Алијансата е соочена со тешки одлуки и со политички процес кој никогаш не е едноставен.