Достапни линкови

Зголемени пријави на семејно насилство


Семејно насилство
Семејно насилство

Зголемен е бројот на пријави за семејно насилство во Велес. Од Центарот за социјални работи велат дека жртвите сега се охрабрени тоа да го пријават.

Жртвите на семејно насилство повеќе не се плашат да го пријават насилникот. Од велешкиот Центар за социјални работи велат дека годинава имаат зголемен број на пријави. Најчесто жртва е брачен партнер, кој бил тепан или психички малтретиран. Директорката на Центарот, Нада Трајкова, вели дека социјалните работници секојдневно ги примаат пријавите и по разговор со жртвите оценуваат за каков вид насилство се работи.Се зборува многу појавно за таа категорија и веќе се охрабруваат и оние кои биле порано жртви сега да пријавуваат. Меѓутоа тоа се само пријави на насилство, како жртви регистрирани на насилство бројката на жртви е речиси иста, а пријави има многу повеќе.
Се зборува многу појавно за таа категорија и веќе се охрабруваат и оние кои биле порано жртви сега да пријавуваат. Меѓутоа тоа се само пријави на насилство, како жртви регистрирани на насилство бројката на жртви е скоро иста, а пријави има многу
повеќе.


„Се зборува многу појавно за таа категорија и веќе се охрабруваат и оние кои биле порано жртви сега да пријавуваат. Меѓутоа тоа се само пријави на насилство, како жртви регистрирани на насилство бројката на жртви е скоро иста, а пријави има многу повеќе. Сега се случува настани за расправии какви не се третираат како семејно насилство, но пријави од МВР има многу повеќе“, вели Трајкова.

Илустрација: Семејно насилство

Освен Центарот, во помагање на жртвите на семејно насилство се вклучи и општината. Додели по 3.000 денари за 15 семејства од Велес во кои имало насилство врз брачен партнер или деца.

„Покрај тоа што нашиот буџет е лимитиран одредуваме одредени суми за помош на семејствата или поединците кои во даден момент имаат потреба од помош исто така заедно со институциите на системот како што во случајов е меѓуопштинскиот центар за социјална работа да се потрудиме во иднина ваквите акции да ги направиме почести со крајна цел ранливите групи на наши сограѓани да добијат помош“, рече градоначалникот Горан Петров.

Инаку неодамна во Велес беше откриен најтешкиот случај на семејно насилство. Полицијата осомничи татко кој ги злоставил трите ќерки на возраст од три до пет години.
XS
SM
MD
LG