Како што велат надлежните оваа состојба загрижува зашто Прилеп е мала средина, а бројот на жртвите кои се физички и психички малтретирани енормно расте. Причините за овој социјален проблем социјалните работници го лоцираат во алкохолизмот и другите болести на зависност, а насилници велат не се само сопружниците, туку се почесто млади луѓе на возраст од 25 до 29 години кои вршат и физичко насилство врз своите родители.
„Сите се различни случаи. Значи ние во текот на изминатава година се појавуваа случаи каде има лица алкохоличари или лица кои користат дрога и нарокотични средства и заради таквата ситуација вршат семејно насилство.Во два-три случаја изречени се мерки на задолжително лекување“, вели Снежана Јованоска, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
Но, психолозите и терапевтите реагираат зашто ниту еден зависник од алкохол кој има желба да се лекува согласно регулативите не е испратен во Клубот на лекувани алкохоличари во Прилеп, каде што се спроведува соодветна стручна терапија со децении.
„Таргетот на сето тоа е поместен од Центарот, бидејќи во 90% од семејното насилство се појавува алкохолизмот. За жал до ден денеска немаме ниту еден добиено апстинент, да својата казна, својата рехабилитација, ја отслужи во рамките на клубот поради семејно насилство“, истакнува Јован Велески, специјалист по медицинска психологија и субексперт за стрес и стресни состојби во градската болница.
Од друга страна, од Меѓуопштинскиот центар велат дека се изречени судски мерки за лекување на зависниците во болницата во Демир Хисар, а жртвите во порелаксирана состојба кога се отстранува насилникотостануваат во своите домови. Според тоа во новоотворениот шелтер центар досега не е згрижено ниту едно лице.Ако има таква потреба, сите трошоци би ги покривал Центарот со средства кои Министерството ги оддвојува за таа намена.
„Обврските се да ги покриваме основните средства за егзистенција за храна. Значи набавките би биле од Центар за социјална работа, оние основни за функционирање на жртвата, меѓутоа исто така,овој шелтер центар не е само за Прилеп.“
Јованоска подвлекува и дека на жртвите им се пружа целосна здравствена заштита, едностано топол дом за период од 6 месеци, додека се создадат соодветни услови за да може да се вклучат во натамошниот просец на ресоцијализацијата.
Иако во Центарот посочуваат на извонредната соработка меѓу здравствените институции, МВР и судот сепак велат, државата треба да се насочи кон целосно решавање на овој социјален проблем. Според социолозите, а имајќи го предвид и фактот што коренот на оваа аномалија се болестите на зависност неопходна е поголема превентивна активност во училиштата и поголема информираност и посветеност на родителите во семејството.
Сите се различни случаи. Значи ние во текот на изминатава година се појавуваа случаи каде има лица алкохоличари или лица кои користат дрога и нарокотични средства и заради таквата ситуација вршат семејно насилство.Во два-три случаја изречени се мерки на задолжително лекување.
„Сите се различни случаи. Значи ние во текот на изминатава година се појавуваа случаи каде има лица алкохоличари или лица кои користат дрога и нарокотични средства и заради таквата ситуација вршат семејно насилство.Во два-три случаја изречени се мерки на задолжително лекување“, вели Снежана Јованоска, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.
Но, психолозите и терапевтите реагираат зашто ниту еден зависник од алкохол кој има желба да се лекува согласно регулативите не е испратен во Клубот на лекувани алкохоличари во Прилеп, каде што се спроведува соодветна стручна терапија со децении.
„Таргетот на сето тоа е поместен од Центарот, бидејќи во 90% од семејното насилство се појавува алкохолизмот. За жал до ден денеска немаме ниту еден добиено апстинент, да својата казна, својата рехабилитација, ја отслужи во рамките на клубот поради семејно насилство“, истакнува Јован Велески, специјалист по медицинска психологија и субексперт за стрес и стресни состојби во градската болница.
Од друга страна, од Меѓуопштинскиот центар велат дека се изречени судски мерки за лекување на зависниците во болницата во Демир Хисар, а жртвите во порелаксирана состојба кога се отстранува насилникот
Обврските се да ги покриваме основните средства за егзистенција за храна. Значи набавките би биле од Центар за социјална работа, оние основни за функционирање на жртвата, меѓутоа исто така,овој шелтер центар не е само за Прилеп.