Достапни линкови

Семејно насилство


Прес конференција по повод кампањата против семејното насилство
Прес конференција по повод кампањата против семејното насилство

Во првите шест месеци од годинава МВР регистрирало вкупно 169 случаи на семејно насилство, а биле поднесени и исто толку кривични пријави. Но, бројот на случаите што не се пријавуваат е многу поголем, алармираат невладините организации.

Кога ќе станеш наутро удри и на жена ти шлаканица. Ако ти не знаеш зошто , таа сигурно знае. Љубовта е на крајот на камшикот. Тепај ја жената за за бидеш сигурен дека те сака. Ова се дел поговорки со кои се оправдува насилството во домот. Кординаторот за превенција од насилство на Обединетите Нации
Нашето истражување покажува дека една од пет жени верува дека тепањето на жени во определени ситуации е оправдано
, Шелдон Јет вели дека семејното насилство е прашање што се крие под тепих и уништува многу животи.

,,Случаите на домашно насилство често поминуваа непријавено. Нашето истражување покажува дека една од пет жени верува дека тепањето на жени во определени ситуации е оправдано."

Македонски спортисти се вклучија во кампањата против семејното насилство
Холандската амбасадорка Симон Филипини, вели дека семејното насилство е раширено како болест на општеството кое треба да се излечи. Филипини вели и во нејзиното семејство имало случаи на семејно насислтво, но ретко кој од жртвите сакаат да зборуваат за тоа.

,,Две од моите сестри не беа тепани од нивните сопрузи, сега поранешни сопруги, туку беа психички и емотивно малтретирани. Една од моите сестри е веќе 13 години разведена, но поранешниот сопруг сеуште ја демне и психички ја малтретира."

Во првите шест месеци од годинава МВР регистрирало вкупно 169 случаи на семејно насилство, а биле поднесени и исто толку кривични пријави. Полицијата секоја недела известува за ваков вид на насилство во домот, но бројот на случаите што остануваат скриени од надлежните институции е многу поголем велат од невладините организации. Дивна Змејковска од СОС организацијата вели дека многу жени се плашат да пријават дека се жртви на семејно насилство. Тие што пак се пријавиле набрзо се враќаат кај насилникот,
Едноставно некои жени неможат да ги надминат тие стереотипи, дека треба да живеат одвоено од сопругот, дека е срамота за децата тие да живеат во разградено семејство
вели таа.

,,Едноставно некои жени неможат да ги надминат тие стереотипи, дека треба да живеат одвоено од сопругот, дека е срамота за децата тие да живеат во разградено семејство."

Секоја втора жена во Македонија е жртва на психичко насилство, секоја шеста жена е жртва на физичко насилство и секоја десетта станува жртва на сексуално насилтво во својот дом. Ова се резулатати од истражувањето на „Асоцијација за еманципација, солидарност и еднаквост на жените" (ЕСЕ) . Единствено што останува неизменето во полициските извештаи низ годините е тоа што најчести жртви на семејно насилство се жените.Од траумите на семејното насилство според МВР не се поштедени ниту постарите луѓе кои се жртви на бесот на своите деца. Мажите се на дното на листата на жртвите , но затоа се на врвот како извршители на малтретирањата во дури 93 отсто од случаите. За намалување на насилството во домот македонските спортисти се вклучија во националана кампања под мотото„ Вистинскиот маж никогаш не удира жена“.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG