16 годишно девојче од Прилеп, годинава неколку месеци било инволвирано во синџирот со трговија со луѓе. Девојчето кое било жртва на овој организиран криминал, за среќа било откриено од полицијата, па во соработка со центарот за социјална работа тоа било вратено во нормален живот, на задоволство и на родителите-потврдуваат од центарот.
Но, ова не е единствен случај. Мината година според информациите биле откриени 3 случаи во кои жртви на трговијата со луѓе, биле повторно малолетни девојчиња. Како што велат од центарот организаторите на овој бизнис, најпрвин ги ангажираат малолетничките да работат во прилепските кафеани како келнерки, потоа ги носат во Битола, Скопје и Гостивар. Малолетничките се максимално злоупотребени за ситни пари, додека т.н. газди профитираат. Оваа и појавата на зголемен број на случаи со педофилија, семејно насилство и сексуална злоупотреба на малолетниците во последниот период според оценките на надлежните загрижува:
„Настаните кои што претходеа и кои што добро ги знае јавноста треба да не загрижат сите заедно, да ги мобилизираат не само институциите на локално ниво, туку и граѓаните во целост.Затоа што по мене ова е еден чекор пред она што значи трговија со луѓе или злоупотреба со цел, значи дали за сексуална злоупотреба или трудова експлоатација.“
вели Елена Грозданова од Министерството за труд и социјална политика.Жртвите во најголем број случаи се малолетни почнувајќи од 12 годишна возраст. Со цел нивна превентивна заштита невладиниот Центар за граѓанска иницијатива во Прилеп спроведува проект за едукација на учениците, во кој што се опфатени три пилот училишта од рурална и градска средина. Во идната учебна година ќе се спроведе и настава на класниот час:
„Веќе професори, стручните служби се обучени за реализација. Веќе е направена програма од 12 часови која што треба од септември да влезе во реализација со децата, во моментот вон наставата. Меѓутоа откако ќе ги согледаме резултатите постигнати во овие три училишта ќе бидеме спремни да се обратиме до Бирото за образование.“
вели Марина Ѓорѓиоска Китаноска, проект менаџер во Центарот.А, учениците вклучени во проектот велат дека може да ги препознаат актерите на овој организиран криминал.
„Може да го препознаеме по тоа како се однесува. Таквите луѓе секогаш не се пријатни.Тоа е опасен чин и како можеме да препознаеме еден трговец доколку ни понуди работа.“
На територијата на целата држава лани биле евидентрирани 7 случаи на жртви со трговија со луге. Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе, велат од министерството работи интензивно на сузбивање на овој нелегален бизнис. Досега со неповратни средства веќе 30-тина жртви се ресоцијализирани. Тие отвораат свои приватни бизниси, па веќе дел од девојките работат како фризерки, сопственички на цвеќарници, на објекти за брза храна.
Од Министерството сметаат дека превентивно може да се делува само преку едукација на сите алки во синџирот за заштита, почнувајќи од децата и нивните родители, па се до трудовите инспектори кои ќе бидат опфатени со проект годинава.
А со законот за социјална заштита кој е во собраниска процедува ќе се отворат и прифатилишта за жртвите, согласно со меѓународните стандарди.