Достапни линкови

Расте семејното насилство во Велес


За шест месеци регистрирани се 19 случаи на семејно насилство во Велес.

Појавата на семејното насилство во Велес расте. За шест месеци регистрирани се 19 случаи, но оваа бројка е далеку од реалната, велат од СВР Велес. Дека состојбата е алармантна говорат фактите. Двојно е зголемен и бројот на граѓани кои пријавиле дека биле сведоци на семејно насилство во споредба со истиот период минатата година.
Телефонот ќе помогне да се воспостави првиот контакт со жртвите со официјалните лица. Надминувањето на страмот и стравот во ситуација кога не ве гледаат кога се нема директен контакт е подобар а посебно ако над таа линија работи човек кој може добро да искомуницира.

„Во првото полугодие имаме примено 34 поплаки од граѓани во врска со семејно насилство, за што пријавените лица се писмено или усно предупредени“, вели Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес

Насилникот е член на семејството. Велес е мал град, осудата од околината, но и недоволната едукација на жртвата е причина насилството да се прикрива. Покрај физичкото насилство, се почеста е поплаката и на емотивното насилство велат од полицијата.

Кампања против семејно насилство

„Семејното насилство опфаќа насилство на сопружници, на роднини, на деца. Значи еден поширок круг не е тоа само сопруг и сопруга“, вели Стојковска.

Организацијата на жени во борбата против семејното насилство вклучи отворена телефонска линија на која жртвата, покрај едукацијата, има право да побара и правен совет. Психологот Асен Прличков вели дека ова е единстевниот начин да се охрабрат жртвите и насилството да го пријават.

„Телефонот ќе помогне да се воспостави првиот контакт со жртвите со официјалните лица. Надминувањето на срамот и стравот во ситуација кога не ве гледаат кога се нема директен контакт е подобар а посебно ако над таа линија работи човек кој може добро да искомуницира“, вели Прличков.

Психолозите велат дека за појавата на насилство голема улога има и долгиот транзиционен период кој во велешко до денес се чуствува.
Во првото полугодие од оваа година полицијата поднесе кривични пријави против 15 насилници. Во Велес како жртва на семејно насилство евидентиран е и маж.
XS
SM
MD
LG