Достапни линкови

Дискриминација на сексуалните работнички


Дискриминација, стигматизација, немање помош од институциите на системот се главни проблеми со кои се соочуваат сексуалните работнички.

Секој човек има право на своето тело што сака да прави, ако сакам да бидам проститутка тоа е мое право, вели една сексуална работничка во документарниот филм што го сними невладината организација ХОПС во соработка со организацијата за човекови права од Њујорк, Витнс. Во филмот со наслов „Треба да знаеш за мене“, сексуалните работнички ја раскажуваат својата приказна и зборуваат за честите прекршувања на основните човекови права. Тие се жалат дека ги тепаат, ги силуваат, институциите не им веруваат, често се дискриминирани и мета на предрасуди.
Институциите кои или не пружаат услуга само заради тоа што некој е препознаен како сексуален работник, или во неквалитетна услуга, што е истата
причина.


„Отидов во кола со него, но не видов дека уште четворица имало од позади и почнаа сите, едниот, па вториот, па третиот и четвртиот. До сабајлето ме држеа, отидов право во станица да пријавам, еве ден денешен ништо не се случи.“

„Имам доста случки пријавено, но нас никој ништо не ни верува. Не навредуваат, па ќе ти удри клоца или сексуално ќе те употреби, ќе ни речат: ајде дојди заврши ми работа, па ќе те оставам да работиш тука. И тоа ми се има случено од полицаец, ме тепал исто така.“

Ова се дел од сведочењата на неколку сексуални работнички од извадок од филмот кој може да го погледнете на нашата страна макденес. орг или слободнаевропа.мк.
Програмскиот директор на невладината организација ХОПС, Марија Тошева вели дека довербата е клучна за да можат да им помогнат на маргинализираните групи луѓе. Таа вели дека сексуалните работнички најчесто се соочуваат со стигма, дискриминација, и се она што произлегува од тоа како изолација, живеење во постојан страв, насилство од страна на клиентите кои знаат дека тоа нема да биде санкционирано, па се враќаат и го повторуваат делото, семејно насилство. Но и дел од институциите во такви ситуации не помагаат, вели Тошева.
Имам доста случки пријавено, но нас никој ништо не ни верува. Не навредуваат, па ќе ти удри клоца, или сексуално ќе те употреби.

Права за сексуалните работници во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:09 0:00


„Институциите кои или не пружаат услуга само заради тоа што некој е препознаен како сексуален работник, или во неквалитетна услуга, што е истата причина. Ако зборуваме после за сексуално преносливи инфекции, за ризици од ХИВ/СИДА, тоа е последицата, не е причината, да овие луѓе бидат ризични по однос на ХИВ, што значи дека немаат пристап до соодветни сервиси, информации.“

Таа додава дека сето тоа ги притиска сексуалните работници во подземјето и со тоа ги принудува да развиваат облици на ризично однесување. Извршниот директор на ХОПС, Влатко Деков вели дека во нивната работа постојано се среќаваат со пречки од институционлен тип.

„Затоа решивме малку повеќе да поработиме на тоа ние да нудиме таков тип на услуги. Причината за тоа зошто институциите ги маргинализираат, ги стигматизираат сексуалните работници веројатно треба да се бара подолгорочно и подлабоко.“

За високите достигнувања во борбата со ХИВ/СИДА и човекови права, невладината организација ХОПС доби меѓународна награда од престижните организации „Human rights watch“ и канадската правна мрежа за борба против ХИВ и СИДА. Директорот на канадската мрежа Ричард Елиот изјави дека со оваа награда и оддаваат признание на ХОПС за барањето правда за сексуалните работнички и за обезбедување на пристап за нив до здравстени, социјални и правни услуги.


  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG