Достапни линкови

Расте бројот на заболени од рак


Во Прилеп се зголемува бројот на заболени од малигни болести
Во Прилеп се зголемува бројот на заболени од малигни болести

Малигните болести се почесто ги напаѓаат прилепчани. Загрижувачки е што расте бројот на млади луѓе кои зааболуваат, но и умираат од рак.

Сепак најзагрозена катерогија се граѓаните во шестата деценија од животот, според медицинските стручњаци. Статистичките податоци од прилепскиот Центар за јавно здравје покажуваат дека во 2007 година имало вкупно 583 заболени, по две години се евидентирани 70-ина нови случаи. А, само во првата половина од годинава се регистрирани над 480 пациенти со магилни болести.
Бројот на новозаболени на 100 000 жители изнесува 249,4 отсто, а преваленцата односно бројот на вкупно заболени од малигни заболувања во Прилеп е 668,4 отсто. На прво место е ракот на дојка
,,Бројот на новозаболени на 100 000 жители изнесува 249,4 отсто, а преваленцата односно бројот на вкупно заболени од малигни заболувања во Прилеп е 668,4 отсто. На прво место е ракот на дојка."

Информира примариус д-р Василе Пејкоски, специјалист по социјална медицина и организација на здравствена дејност во прилепскиот Центар за јавно здравје. На второ место според локализацијата е ракот на дебело црево, па на бели дробови, на простата и на пето место се малигните болести на матката. Оваа состојба како што истакнуваат медицинските стручњаци е резултат на брзиот и современ стил на живот, без доволна физичка активност. Конзумирањето на штетна храна, алкохол и цигари се дел од ризик факторите за појава на овие болести. А, за нивно спречување се неопходни редовни прегледи и контроли на граѓаните.

,,Има донесено и програми за неколку скрининзи од страна на Владата, како што е скринингот за рак на дојка, скрининг за колоректален карцином, скрининг за рак на матката кај жените, меѓутоа се уште во целост не е реализирано во пракса."

Четврти Фебруари е прогласен за Светски ден за борба против ракот
Потенцира примариус, д-р Пејкоски. Тој смета дека за да се постигнат поголеми ефекти во превентивата неопходно е синхронизирана акција на институциите од повеќе сфери на општественото живеење.
Прилепскиот Центар за јавно здравје, преку одделот за здравствено воспитување постојано на терен реализира акции за запознавање и едукација на населението во сите, но најмногу во руралните и недоволно развиени средини за опасностите по здравјето и начинот на заштита од многу болести. Иако, статистичките податоци во Прилеп загрижуваат, ниту една надлежна институција во градот, ниту во државата не побарала, ниту направила точна анализа за утврдување на причините кои доведуваат до зголемување на инциденцата на малигните болести. Граѓаните стравуваат дека меѓу причините за појава на рак е присуството на ураниум во планините во Мариовско. Овде се прават ископувања за отворање нови рудници, но не и за утврдување на степенот на радијација на овој хемиски елемент кој се користи при изработка на нуклеарни бомби и нуклеарни централи, и кој што е штетен за здравјето на луѓето.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG