Добро е што се формираа атмосфера дека е потребен нов Клинички центар, но друго е прашањето колку е тоа реално и дали може да се реалзира во некави разумни рокови од 5 до 10 години. Засега ова е коментарот на експертите во однос на идејата за нов Клинички центар кој владата најавува да го гради во Бардовци. Замислата за нов Клинички центар е релативо стара. Добро е што власта и опозицијата се натпревааруваат чија е идејата, но крајната цел е да се направи. Од таа гледна точка нашето искуство укажува дека ние немаме позитивни примери во градењето капитални ивестиции во здравството, вели експертот по јавно здравство Владо Лазаревик:
,,Класичен пример за тоа е новата зграда на гинекологијата чии темели беа поставени во 2000 година, а денеска во 2010 година зградата сеуште не е во функција."
Новата зграда на Гинекологија не претставува ни една десетина од тоа што би претставувал новиот Клиничкиот центар.Од друга страна го имаме искуството од приватното здравство. Од моментот кога ќе се најави ивестицијата до нејзината реализација не поминуваат повеќе од две години. Дали вистински некоја од овие идеи кои се најавуваат ќе се реализираат, може да се каже откако ќе поминат неколку месеци кога ќе се види дали има конкретни чекори или се ќе остане на прес конференции. Прблемот кај владата е што нема концепција критикува опозицијата. Цело време оди од еден на друг проект и реагира кога нешто ќе се случи. Последниот проект што го најави беше регионализација на болниците. Владата едноставно изреагира на пресот на опозицијата за градење нов Клинички центар, смета поранешниот министер за здравство Ѓорги Оровчанец:
,,Да имаше, досега Груевски пет пати ќе излезеше лопати да фрла, така што нема никаков проект, нема врска. Ако ја имаат идејата и концепцијата, тогаш дај да седнеме заедно опозиција и влада да го истераме ова побрзо и поадекватно кога веќе постои консензус по тоа прашање."
Новиот Клинички центар кој се најавува да се гради во Бардовци треба да биде изграден на површина од 195 000 квадратни метри и би чинел 450 милиони евра. Засега не е точно определено како ќе се обезбедат пари за новиот центар ниту пак што точно ќе се случи со земјиштето на кое е сега Клиничкиот центар:
,,Она што е најбитно во овој елемент е дека земјиштето каде што денеска се наоѓа Клиничкиот центар е многу повредно отколку земјиштето на кое што би се градел идниот Клинички центар."
Тука Лазаревик ја гледа главната можност да се обзебеди добар дел од средствата, а другиот дел би го обзебедила владата. Една од можностите тој што ќе го земе земјиштето кај сегашните клиники е дел од парите да ги инвестира во новите клиники, изјави неодамна минстерот Османи. Идејата за нов Клинички центар датира од 2002-та година.
Класичен пример за тоа е новата зграда на гинекологијата чии темели беа поставени во 2000 година, а денеска во 2010 година зградата сеуште не е во функција
,,Класичен пример за тоа е новата зграда на гинекологијата чии темели беа поставени во 2000 година, а денеска во 2010 година зградата сеуште не е во функција."
Новата зграда на Гинекологија не претставува ни една десетина од тоа што би претставувал новиот Клиничкиот центар.Од друга страна го имаме искуството од приватното здравство. Од моментот кога ќе се најави ивестицијата до нејзината реализација не поминуваат повеќе од две години. Дали вистински некоја од овие идеи кои се најавуваат ќе се реализираат, може да се каже откако ќе поминат неколку месеци кога ќе се види дали има конкретни чекори или се ќе остане на прес конференции. Прблемот кај владата е што нема концепција критикува опозицијата. Цело време оди од еден на друг проект и реагира кога нешто ќе се случи. Последниот проект што го најави беше регионализација на болниците. Владата едноставно изреагира на пресот на опозицијата за градење нов Клинички центар, смета поранешниот министер за здравство Ѓорги Оровчанец:
Ако ја имаат идејата и концепцијата, тогаш дај да седнеме заедно опозиција и влада да го истераме ова побрзо и поадекватно кога веќе постои консензус по тоа прашање