Иако Македонија е земјоделска земја и изобилува со земјоделски производи, пазарите се изгор скапи, реагираат битолчани. Тие се жалат дека исто го плаќаат овошјето и зеленчукот тука и во грчките туристички дестинации. По нивни проценки пазарот поскапил дури за 30 отсто во споредба со минатата година.
„Многу е поскапо, а пензиите исти. Од домат, пиперки, се е поскапо.“
„Овошјето е скапо, па и доматот, патлиџанот.“
„Па може ако не повеќе тогаш со 30 отсто“, реагираат купувачите.
И пазарџиите признаваат дека необично високите цени на земјоделските производи и натаму се одржуваат на битолскиот пазар.
„Годинава е многу поскап пазарот зашто не работат многу луѓето, се оставија и затоа се поскапо, домати, праски. Овие продукти се многу скапи. Праските беа од 30 до 40 денари лани, а сега се 50 до 60.“
„Сите овие земјоделски производи околу 30 отсто се поскапени.“
Сепак, според официјалната статистика, земјоделските производи во споредба со лани се поскапи само седум отсто. Според земјоделските здруженија високите цени се должат на повеќе фактори, но пред се на високите температури кои ги намалуваат количините на земјоделски производи не само во Македонија туку и пошироко. Така во земјите од регионот недостига домат, па се откупува македонскиот, зелката заминува за Литванија, Естонија, лубениците за Украина и Словенија. Но, и на увозот на странско производство на зеленчук и овошје кој, пак, достигнува енормно високи цени вон сезона, како на пример грозд грозје да чини 300 денари, една краставица 100 денари, килограм круши 150 денари.
Многу е поскапо, а пензиите исти. Од домат, пиперки, се е поскапо.
„Многу е поскапо, а пензиите исти. Од домат, пиперки, се е поскапо.“
„Овошјето е скапо, па и доматот, патлиџанот.“
„Па може ако не повеќе тогаш со 30 отсто“, реагираат купувачите.
Годинава е многу поскап пазарот зашто не работат многу луѓето, се оставија и затоа се поскапо, домати, парски. Овие продукти се многу скапи. Праските беа од 30 до 40 денари лани, а сега се 50 до 60.