Основците Албанци од нижите одделенија од двојазичното основно училиште Толи Зордумис во Куманово од претстојната учебна година основното образование ќе го завршуваат во истото училиште. За оваа намена на која и претходеше долгогодишен процес, до октомври ќе бидат изградени четири нови училници, со околу 12 милиони денари, средства обезбедени од општинската каса, а по одлуката на општинските советници.
„По долги разговори со месното население успеавме и без помош од Владата на РМ, иако се знае дека ова е во ингеренции на централната власт и Министерството за образование, издвоени се околу 12 милиони денари. Новите простории ќе бидат за две смени со добри услови и ќе се надминат проблемите за едукација. Куманово е заборавено од Владата“, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, при поставувањето камен-темелник.
За Фадиљ Шабани оваа можност за учениците Албанци од делот на градот во близина на поранешната касарна Христијан Тодоровски Карпош, каде што сега е средношколски центар на албански јазик вели:
„Значајно е бидејќи децата нема да патуваат по еден или еден и пол километар до другите училишта.“
Во ова основно училиште, од пред три години, вишите одделенија ги посетуваат и основците Македонци од кумановското село Режановце, кои по промената на состојбите и името на централното училиште од Маршал Тито во Битолски конгрес во селото Лопате, го сменија училиштето. Македонците кои живеат во овој дел на градот, кој по конфликтот и по интензивно доселување на Албанци од липковско почна да ја менува демографската структура забележуваат:
„Не е добро за македонското население. Има и други училишта за децата од албанската етничка заедница. И така од овој крај има миграции и најверојатно ќе стане етнички чист“, вели нашиот соговорник и додава дека и тој неговото дете ќе го префрли во друго училиште, иако за тоа му се потребни дополнителни средства.
Како што вели, не е исклучено ниту куќата да си ја продаде. Повозрасните жители на овој дел од градот сметаат дека не треба Македонците да се иселуваат.
„Не би требало децата да ги носат во други училишта.“
„Тука им се куќите и училиштето. Сепак зависи од атмосферата. Ако биде некаква агресивност во однесувањето, некој можеби ќе биде присилен да се иссели.“
За добивање повеќе простор за образование во ова училиште, Училишните одбори на двете основни училишта на албански, Бајрам Шабани и Наим Фрашери организираа протести и бојкоти на наставата. На ист начин, по конфликтот во 2001-та и средношколците Албанци во Куманово се дислоцираа од матичните училишта и добија простории во поранешната административна зграда на ЗИК и во касарната.
Новите простории ќе бидат за две смени со добри услови и ќе се надминат проблемите за едукација. Куманово е заборавено од
Владата.
„По долги разговори со месното население успеавме и без помош од Владата на РМ, иако се знае дека ова е во ингеренции на централната власт и Министерството за образование, издвоени се околу 12 милиони денари. Новите простории ќе бидат за две смени со добри услови и ќе се надминат проблемите за едукација. Куманово е заборавено од Владата“, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, при поставувањето камен-темелник.
За Фадиљ Шабани оваа можност за учениците Албанци од делот на градот во близина на поранешната касарна Христијан Тодоровски Карпош, каде што сега е средношколски центар на албански јазик вели:
„Значајно е бидејќи децата нема да патуваат по еден или еден и пол километар до другите училишта.“
Во ова основно училиште, од пред три години, вишите одделенија ги посетуваат и основците Македонци од кумановското село Режановце, кои по промената на состојбите и името на централното училиште од Маршал Тито во Битолски конгрес во селото Лопате, го сменија училиштето. Македонците кои живеат во овој дел на градот, кој по конфликтот и по интензивно доселување на Албанци од липковско почна да ја менува демографската структура забележуваат:
Не е добро за македонското население. Има и други училишта за децата од албанската етничка заедница. И така од овој крај има миграции и најверојатно ќе стане етнички чист.