Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, неделници
Весници, магазини, неделници

Неодамнешната анкета за рејтингот на политичките партии направена од ИРИ покажа дека секој различно ги „чита“ анкетите, а со тоа и дека се одлично средство за манипулација со јавноста. За Утрински, рејтингот на Груевски се топи, Вечер, пак, објавува дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ се уште е највисок.

Дека секој различно ги „чита“ анкетите за рејтингот на партите и политичарите, а со тоа дека се одлично средство за манипулација со јавноста, по кој знае кој пат покажува последната анкета на ИРИ.

Утрински во насловот пишува дека анкетата покажала оти мнозинството граѓани сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, и дека рејтингот на Груевски се топи - со 21 отсто анкетирани кои го дале својот глас за него, неговиот рејтинг се топел и бил
најнизок досега. Од друга страна, Вечер, на насловната објавува дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е се уште највисок – 29 отсто, не
Прославата на ВМРО ДПМНЕ и говорот на Груевски дел од темите во дневниот печат
спомнувајќи ниту збор за опаѓачкиот рејтинг на неговиот лидер.

Инаку, продолжува судирот меѓу А1 ТВ и премиерот Груевски и неговата партија, особено откако тој во говорот на митингот по повод 20-годишнината од формирањето на Партијата, ги нападна оваа телевизија и нејзиниот сопственик Рамковски како главни поддржувачи на СДСМ и нивниот лидер Црвенковски и како медиум кој најнегативно информира за Владата и за владејачката партија.

Сите медиуми го одбележаа митингот со кој ВМРО-ДПМНЕ ја одбележа 20-годишнината од формирањето, главно критички поради речиси 12-часовното блокирање на сообраќајот во центарот на Скопје, а само А1 ТВ ги снимила десетината автобуси на охридски „Галеб“, кои носеа партиски членови на митингот, но на наплатната рампа кај Тетово беа пропуштени без да платат патарина.

Сите медиуми ја објавија изјавата на Црвенковски дека опозицијата ќе почне да дејствува за да стане ноќна мора за Груевски и дека на 27 овој месец закажува голем митинг пред Владата. Нова Македонија го пренесува извештајот на ЕКРИ кој тврди дека во Македонија постои етничка поделба во училиштата, со наслов: „Странците тврдат етнички сте поделени – ние тврдиме јок“.

Со познатите исклучоци, сите медиуми ја објавија веста дека портпаролот на Фондот за здравство Дејан Гацов си поднесе оставка, обвинувајќи ги Груевски и Протоѓер за погубната политика во македонското здравство.

„Ребаланс на буџетот на поразот“, ја насловува Дневник, информацијата за предлог-ребалансот на буџетот за кој вели дека е политичка капитулација на владината социјална реформа и на нејзината погрешна проценка кога и каде да бара заем за буџетскиот дефицит. И Време пишува за предлог-ребалансот пренесувајќи ги мислењата на економските стручњаци дека со него нема да се затвори финансиската дупка, туку дека им се плакнат очите на граѓаните со најавите за помали плати на јавните функционери и намалените дневници за патувања.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG