Г-дине Алексов како гледате на начинот на којшто се полни буџетот и во колкава мера ова може да се одрази врз стопанството?
За 2010 година беше планирано, односно беше проектиран и планиран буџетски дефицит од 2,5% од БДП, значи станува збор за сума од околу 180 евра, значи тоа е процент кој се наоѓа во рамките на 3% буџетски дефицит и тоа е нешто планирано кое се одвива во текотна 2010 година. Значи дали овој буџетски дефицит ќе се оствари или веќе е искористен тоа во овој момент неможам да кажам, такви податоци има Министерството за финансии меѓутоа евидентно е дека има одредено потфрлање во прибирање на средствата во буџетот, спрема наша оценка се однесува на намалена потрошувачка во државата, значи како приватна така и јавна. Се наоѓаме во една ситуација на посткризен период каде што граѓаните едноставно не се сигурни за иднината, што ќе се случува, како ќе се разиваат работите, одредени компании тешко исплатуваат плати или пак ги имаат намалено, така што сето тоа се одразува на намалени приходи во буџетот.
Гледате ли одредена повразаност меѓу одложувањето на одредено време на емитувањето на еврообврзницата и можноста за продлабочување на дефицитот?
Нашиот став од поодамна е дека покривањето на одредени средства во буџетот државата треба да го врши преку надворешни задолжувања под поволни кредитни услови за сметка на домашното задолжување преку издавање на државни записи, затоа што на тој начин одредени средста кои би можеле да бидат пласирани во стопанството и да се искоритстат за развој, за инвестиции едноставно тоа не се случува. Што се однесува до буџетот уште да напоменам дека се планира одреден ребаланс на буџетот, значи тоа е еден добар чекор и треба да се согледаат оние делови каде што имаме непродуктивни трошења, да се намалат во најголема можна мерка, а фокусот да се стави во капитални инвестиции дали во инфраструктурата, енергетиката бидејќи добро знаеме дека овие сектори се мултипликатори кои од своја страна раздвижуваат и други сегмени во стопанството и на тој начин ќе придонесат преку плати, преку придонеси, преку потрошувачка, преку ДДВ за поголем прилив во буџетот.
Постојат причини за стравувања дека е можно грчката криза да се прелее во други земји од ЕУ и како ова би се одразило врз нашата економија?
Грција е сериозен трговски и инвестиционен партнер на Македонија. Годишната размена спрема податоците е некаде околу 720 милиони евра каде што иако имаме дефицит од 150 милиони долари сепак треба да сметаме на Грција како трговски партнер. ЕУ доста брзо интервенираше за да ги санира последиците за да таа не се прелее во останатите земји од ЕУ и за да не дојде до загрозување на еврото. Што се однесува до Македонија, бројките покажуваат дека во првиот квартал од 2010 година извозот на Македонија во Грција од околу 150 милиони долари што е за еден милион повеќе во однос на 2009 година. Во делот на увозот можеби ќе има одредени проблеми каде што нашите компании ќе треба со малку повеќе напор кој веќе мислам дека е почнат, да најдат одредени алтернативни извори за снабдување со одредени производи, суровини кои што досега биле од Грција. Меѓутоа што е битно? Ние како Сојуз на стопански комори сметаме дека Македонија и нашите компании треба да имаме проактивен однос кон кризата во Грција бидејќи одредената сума од 150 милијарди евра за помош на Грција од кои 20 милијарди веќе се доставени во Грција, треба на некој начин да ги искористиме, значи да видиме како ние можеме, односно нашите компании да се вклучат и да добијат еден дел од овој колач со своите активности, дали во делот на увоз-извоз, дали во делот на услуги или консултантски услуги итн, значи еден проактивен однос.
Кога може да се очекува излез од кризата со оглед на тоа дека во првиот квартал од годината не се чувствуваат поголеми подобрувања?
За среќа македонскиот финансиски сектор не беше зафатен и во еден период мислевме дека нас ќе не одмине кризата меѓутоа видовме дека во почетокот, првиот квартал на 2009 година го зафати токму реалниот сектор и ние сега го чувствуваме тој одложен ефект на кризата кој го погодува реалниот сектор. Значи проекциите на Владата за раст од 2% сметаме дека се реални тоа исто го потврди и ММФ. Во колку се направат зголемени напори за зголемена кредитна активност ние мислиме дека Македонија може да оствари и поголем раст од 2% во 2010 година. Одредени раздвижувања реално би било да се очекуваат во втората половина од годинава кадешто свој придонес може да даде и најавениот ребаланс на буџетот за да видиме какви поместувања и кратења ќе имаме и традиционално дознаките од нашите сограѓани од странство и нашите сограѓани кои ќе доаѓаат во летниот период што е значителен фактор за тековната сметка на Македонија.
Чувствува ли стопанството ефекти од четвриот пакет антикризни мерки и имате ли информација зошто по еден месец од нивното донесување дел од нив се наоѓаат сеуште во владина процедура или во некое од министерствата?
Спроведувањето се одвива меѓутоа не со темпо со кое ние очекувавме. Има одредени делови кои што сеуште се во собраниска процедура и секој момент се очекува да ги поминат тие Комисии да бидат изгласани и да почнат да се ефектуираат. Би го напоменал поместувањето на плаќањето на ДДВ од 15 на 25-ти во месецот, значи ние очекувавме тоа да почне во април, но сеуште не е почнато, ревидирањето на казните и начинот на функционирањето на инспекциските служби исто така ќе почне од јуни или јули.
Во колкав степен може да се каже дека стопанството сега е порелаксирано од давачки кон државата како што тврди актуелната влада?
Значи ако се гледаат процентите стопанството е релаксирано, реално. Одредени придонеси за пензисико, здравствено осигурување, персонален данок и други давачки што го оптеретуваат стопанството во последните неколку години се намалуваат. Треба да се најде начин и модус да функционира државата, меѓутоа стопанството дополнително да се растерети. Има зафаќања од околу 40% што претставуваат терет за стопанството, сметаме дека доколку тука се направат одредени растеретувања ќе може да се оди во една нова развојна инвестициона фаза која би овозможила нови работни места, плати, придонеси, трошење, ДДВ итн. Значи еден развоен циклус треба да се отпочне.
Во колкав степен може да се каже дека македонските стопанственици се заштитени од нелојалната конкуренција и неконтролиран увоз?
Тоа е едно барање што ние постојано го доставуваме до Владата. Тргнуваме од една многу едноставна причина. Доколку за македонскиот извоз се бараат одредени стандарди за извоз во ЕУ, истото тоа го бараме да тие стандарди бидат применети и при увоз на одредени стоки и во Македонија. Тука треба уште да се работи, да речеме во делот на прехрамбената индустрија, за наш извоз се бара ХАСАП, се бара број од Брисел за извоз од ЕУ, а во Македонија одредени прехрамбени производи можат да се увезуваат и без постоење на овие стандарди што претставува на некој начин нелојална конкуренција за нашите компании кои мора да инвестираат за да ги добијат овие стандарди. Потоа одредени производи за широка потрошувачка, дали се производи од пластика или од некои други материјали тука исто така сметаме дека треба многу да се внимава. Сметаме дека македонските стопанственици сеуште не се доволно заштитени, меѓутоа тоа еден процес кој се одвива, според моја информација Царината работи на тоа, има одредени сертификати т.н. Ц кои се веќе со закон во април донесени и кои функционираат и сметаме дека тука ќе се воспостави одреден ред што е добро за македонските компании бидејќи ќе имаат терен за една рамноправна борба, за еден конкурентски однос.