Европскиот фонд за Југоисточна Европа во наредните пет години ќе издвои 60 милиони евра за локалните финансиски институции, преку кои ќе се обезбедат кредити за макро и малите претпријатија во земјава. Целта на фондот е долгорочно финансирање на малото стопанство, вели Клаус Глаубим од одборот на директори.
„Потврдувајќи го пристапот на малите претпријатија до финансиите, Фондот го поддржува финансискиот раст и отварањето на нови работни места како меѓунароната соработка и трговија. Овие фактори придружени со здравите и безбедни финансиски системи се клучни за земјата која треба да обезбеди оддржлив економски раст и интеграција во ЕУ. Досега средствата кои се донирани помогнаа да се отворат 250 илјади работни места.“
Малите претпријатија се клучот за оживување на економијата во Македонија. Но тешкиот пристап до пари е основната пречка за инвестирање и раст на претпријатијта, вели Глаубим.
„На новите и млади компании на кои им е потребен долгогодишен капитал им недостасува гаранција за добивање кредит и се соочуваат со одредени проблеми кога ќе се обидат да добијат кредит, а во отсуство на целосно развиени финансиски сектори малите компании се принудени да се потпрат на внатрешните фондови. Ова претставува пречка за натамошно ширење на успешните бизниси.“
Значењето на фондот е големо поради ограничените можности на макро и малите бизниси да добијат кредити, вели Вице-гувернерот на Народна Банка Димитар Богоев.
„Микро и малите претпријатија придонесуваат за вработувањето на најранливите сегмени на населението, го будат нивниот претприемачки дух и ја зголемуваат нивната самодоверба, толку потребна во денешниот конкурентен свет.“
Условите за добивање на кредит се комплицирани и каматите се високи вели директорот на една компанија Огнен Оровчанец, кој неколку пати досега земал кредит за развој на својот бизнис.
„Тешко е многу, каматите се превисоки и нас ни даваат многу помалку отколку што ни се вредностите. Доколку имаме поголеми кредити, секако дека би ги усмериле и развојот би ни бил побрз, меѓутоа вака ни се намалени можностите, а за помали фирми кои дури сега почнуваат многу е тешка ситуацијата, бидејќи немаат реноме, немаат што да стават под хипотека.“
Во 2009 година Фондот во финансиските институции инвестираше 46 милиони евра, а за кредити за бизниси и домаќинства биле издвоени 56 милиони.
Овие фактори придружени со здравите и безбедни финансиски системи се клучни за земјата која треба да обезбеди оддржлив економски раст и интеграција во ЕУ. Досега средствата кои се донирани помогнаа да се отворат 250 илјади работни места
„Потврдувајќи го пристапот на малите претпријатија до финансиите, Фондот го поддржува финансискиот раст и отварањето на нови работни места како меѓунароната соработка и трговија. Овие фактори придружени со здравите и безбедни финансиски системи се клучни за земјата која треба да обезбеди оддржлив економски раст и интеграција во ЕУ. Досега средствата кои се донирани помогнаа да се отворат 250 илјади работни места.“
Малите претпријатија се клучот за оживување на економијата во Македонија. Но тешкиот пристап до пари е основната пречка за инвестирање и раст на претпријатијта, вели Глаубим.
„На новите и млади компании на кои им е потребен долгогодишен капитал им недостасува гаранција за добивање кредит и се соочуваат со одредени проблеми кога ќе се обидат да добијат кредит, а во отсуство на целосно развиени финансиски сектори малите компании се принудени да се потпрат на внатрешните фондови. Ова претставува пречка за натамошно ширење на успешните бизниси.“
Значењето на фондот е големо поради ограничените можности на макро и малите бизниси да добијат кредити, вели Вице-гувернерот на Народна Банка Димитар Богоев.
Доколку имаме поголеми кредити, секако дека би ги усмериле и развојот би ни бил побрз, меѓутоа вака ни се намалени можностите