Достапни линкови

Транзитниот туризам во Велес потенцијал за инвестиции


Велес е потенцијално место за српски инветиции, вели амбасадорот на Република Србија во Македонија Томислав Ѓурин. Тој го посочува транзитниот туризам како водечка гранка за инвестирање додека локалнта самоупрва ги нуди и индустриските зони.

Македонија и Србија се единствени во ставот дека обновувањето на соработката помеѓу компаниите е неопходна. Досегашната соработка покажува дека српските инвестиции се околу 40 милиони долари, додека македонските во Србија шест пати помалку. Амбасадорот Томислав Ѓурин, смета дека оваа состојба може да се подобри, Велес има потенцијал за привлекување на српски инвестициии. Според Ѓурин транзитниот туризам може најмногу да придонесе за економска соработка.
Сега со визната либерализација на двете земји се очекува годинава покрај Велес да поминат околу два милиони српски граѓани. Навистина е штета да поминат толку голем број на туристи покрај транзитен Велес, а да нема туристичка содржина.


„Сега со визната либерализација на двете земји се очекува годинава покрај Велес да поминат околу два милиони српски граѓани. Навистина е штета да поминат толку голем број на туристи покрај транзитен Велес, а да нема туристичка содржина“, вели амбасадорот Ѓурин.

Градоначалникот на Велес, Горан Петров смета дека покрај транзитниот туризам за српските инвеститори интересни можат да бидат и двете индустриски зони и поволностите кои локалната самоуправа им ги нуди на инвеститорите.

„Во делот каде што имаме ингеренции Општината ќе ги спушти даноците на најниско ниво.Во оној дел каде што Државата ги собира даноците и со закон се одредени, тука ние ништо неможеме да интервенираме, меѓутоа, самото уредување и обезбедување на инфраструктурата е доволен показател дека Општината пружа услови за развој на нови бизниси и повторно ќе речам она што е во делот на ингеренциите на локалната самоуправа максимално спуштање на даноците на најниско можно законско ниво.“

Во Велес позначајна српска инвестиција нема, иако Србија е меѓу првите надворешни трговски партнери на Македонија со реализирана вкупна размена од над 6,8 милијарди американски долари во последниве девет години. Најавата за нова економска соработка е добредојдена бидејќи можноста за намалување на бројот на невработени локланата власт гледа единствено преку отворањето на нови производствени капацитети. Дали тоа ќе бидат инвестиции на домашни или странски компании за локаната самоуправа е помалку важно.
XS
SM
MD
LG