Достапни линкови

Ќе остане ли Пелистер без ски центар?


Ски центарот на Пелистер можно е годинава да не проработи. Додека од надлежното претпријатие тврдат дека не се работи за затворање, туку за реорганизација на ски центарот што бара време, опозицијата во Битола обвинува за уништување на објектите.

Планинскиот убавец Пелистер и покрај исклучителните терени за скијање и годинава може да ја промаши ски сезоната. На едниот дел од планината кај Копанки веќе четврта година не работи жичницата и ски патеката. Изминатите сезони скијање имаше само од другата страна на Пелистер, кај Ниже Поле каде опстојуваше зимско-летниот туристички центар во чиј склоп работеше единствениот активен престанат ски терен. Но, оваа есен јавното претпријатие „Стрежево„ започна со реорганизира на туристички центар и неизвесно е дали
Имено, пред извесно време овој туристички центар наместо нови инвестиции и нови вработени, наместо нови ски лифтови и проширување на сместувачките капацитети, доби катанец на вратата
ќе проработи ски лифтот.

,,Имено, пред извесно време овој туристички центар наместо нови инвестиции и нови вработени, наместо нови ски лифтови и проширување на сместувачките капацитети, доби катанец на вратата. Денес само стражарската служба на јавното претпријатие „Стрежево“ се грижи единствено за тоа објектите да не бидат ограбени и опустошени. Кој туризам ќе го развиваме ако не сакаме и не знаеме да го искористиме она што природата ни го дала во изобилство."

праша советникот на ЛДП, Валентин Груевски.
Директорот на „Стрежево“, Љупчо Бошевски, појаснува „не се работи за затворање, туку за реорганизација на зимско-летниот туристички центар, нема никаква продажба ниту отпуштање на работници.“ Според Бошевски на ваков чекор се одлучиле зашто во статутот на претпријатието не е предвидено да се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Сега со воведувањето на ХАСАП стандардите не можат да трошат пари за развој на некоја гранка што не смеат да ја обавуваат. Што се однесува на ски теренот го подготвиле, но не знаат дали ќе добијат
Ќе побараме дозвола за да работи оваа година. Доколку не ни дозволи законодавецот, не смееме да ги кршиме законските одредби
дозвола за работа.

,,Сите подготовки се направени за беспрекорно да функционира жичницата. Ќе побараме дозвола за да работи оваа година во интерес на граѓаните. Доколку не ни дозволи законодавецот, ние не смееме да ги кршиме законските одредби."

вели директорот. Од состојбите посебно се разочарани вљубениците во зимските спортови од Битола, на кои иако планината им е на дофат, патуваат за сијање дури во Грција.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG