Достапни линкови

Ќе се развива Вардарскиот планински регион


Со средства издвоени од државната каса како и од други изворни фондови во висина од 19 милиони денари ќе се развива Вардарскиот планински регион. Во овој регион спаѓаат девет општини, а преку проектите се планира развој на патната мрежа и на селскиот и транзитниот туризам.

Деветте општини кои се дел од Вардарскиот плански регион во наредните пет години ќе се развиваат со реализација на проекти кои ќе овозможат подобрување на патната мрежа и развојот на селскиот и транзитниот туризам. Планските региони имаат за цел да ја зголемат конкурентноста преку планирање и реализирање на конкретни проекти финансирани од буџетот на РМ, но и други изворни фондови. Нешто повеќе од 19 милиони денари се обезбедени за Вардарскиот плански регион, вели Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери.

„Овој регион покажа конкурентност и за себе обезбеди 10,2% од вкупно расположливите средства, најголем дел од средствата скоро 17
Овој регион покажа конкурентност и за себе обезбеди 10,2% од вкупно расположливите средства, најголем дел од средствата скоро 17 милиони денари ќе бидат насочени кон алтернативниот туризам и создавање на брендирани земјоделски производи проекти кои што произлегуваат од спецификите на овој регион
милиони денари ќе бидат насочени кон алтернативниот туризам и создавање на брендирани земјоделски производи проекти кои што произлегуваат од спецификите на овој регион“.

Една од основните улоги на Регионите е соработката помеѓу општините. Изградба на регионална депонија според Министерот Џафери е проект по кој треба да се обединат сите општини.

„За Општините и регионите сериозен е предизвикот за изградба на депонии за складирање на цврстиот отпад. Станува збор за инвестиции од голем обем кои што може да се реализираат со европска финансиска подршка“

вели министерот Џафери. Улогата на Центарот во регионалниот рамномерен развој е огромна. Тој треба да прерасне во инкубатор на проекти кои ќе придонесат за негов развој. Според претседателот на Вардарскиот регион, Центарот покажал целосна подготвеност да искористување на сите финансиски потенцијали особено на средствата од претпристапните фондови.

„Од овој момент можеме да зборуваме за целосна подготвеност на регионот да ги искористи сите расположливи потенцијали за равој особено можностите на фондовите од инструментот за претпристапната помош на ЕУ. Отворените перспективи за промоција на нашите вредности и потенцијали на меѓународен план се добра гаранција дека допрва ќе посведочиме на доминацијата на развој“

рече Горан Петров, претседателна Вардарскиот плански регион. Директорот на Центарот, Александар Бузалнов, вели дека тие изработиле проекти кои одкако ќе се реализираат ќе отпочне процесот на намалување на нерамномерниот развој на Општините.

„Зголемување на конкурентноста на Вардарскиот плански регион преку јакнење на иновациските капацитети, оптимално користење и валоризирање на природното богатство, човечкиот капитал, економските особености на регионот како и зачувување и развој на посебниот идентитет на Вардарскиот плански регион и негова афирмација“.

Вардарскиот плански регион е еден од најголемите во земјата. Се простира на површина од 4.040 метри квадратни со што зафаќа над 16 проценти од вкупната територија на Македонија. Во регионот влегуваат девет општини со 215 населени места.
XS
SM
MD
LG