По малку еуфорично, Глобус, уште на насловната ја најавува својата топ-анализа на новиот тим на Црвенковски што ќе му се спротивстави на Груевски на предвремените избори: „Шеќеринска против Груевски“, како фронтмен на опозицијата со нов концепт. Осврнувајќи се на „новите почетоци“, за кои на прославата на 20-годишнината на партијата говореше Шеќеринска, неделникот наведува дека таа треба да ги преземе сите ризици и да знае дека новите почетоци не се поставуваат со сечење ленти, туку со жестока битка и дека треба да се направи дистанца од политиката на актуелната власт и да се каже: не против луѓето, туку против идеите што ги заблудуваат. Глобус, исто така забележува дека сега ја имаме првата жена која ќе се обиде да ја вади македонската кола од најдлабоката кал во нејзината историја, а се осврнува и на решението на Црвенковски да се релаксира од амбициите спрема извршната власт: Независно од мотивите, треба да се каже дека неговиот потег е без преседан во политичката историја на Македонија, заклучува Глобус. Неделникот, во друг напис се осврнува на кандидатските листи на двата најголеми противника забележувајќи дека Црвенковски треба да им даде простор на младите кадри, а дека Груевски имал проблеми со сознанието дека добитничката листа му се куси.
Неделникот Фокус, пак, во неговиот стил „сам против сите“ и инсинуативно настроен, во уводникот пишува дека, како што вели, „Црвениот одиграл лошо“. Дека тоа што го понудил стариот лик на Шеќеринска надевајќи се дека од сенка ќе ги влече конците на нејзината влада, ќе било доволно Груевци во неа да видат продолжена рака на Црвенковски и дека тоа ќе било тежок товар за СДСМ во изборната битка. Но, вели уводничарот, тешко на Б.Ц. ако и тој спие на такво увце. Сетете се само што остана од прстињата на Санадер, кој мислеше дека завршил работа со инсталирањето на Косорка во неговата фотелја!, потсетува Фокус.
Неделникот, исто така, ја продолжува битката против лидерот на социјалистите, Иванов-Ѕинго со откривањето на уште една афера, покрај онаа за Злетовица, во која, според Фокус, бил вмешан големиот кратовец. Имено, Државниот инспекторат за земјоделство уште пред 4 години имал индиции за сериозен организиран криминал во случајот со земјоделското земјиште во Зелениково, подоца трансформирано во градежно, при што се испрале огромни суми пари, а тој материјал бил во рацете на Груевски уште од тогаш! Неделникот го поткрепува ова тврдење со сведочењето на Андреј Најдов кој уште во 2004 година го зел на тендер земјиштето во Зелениково на користење, а се' уште не го владее.
Фокус посветува и напис за братучедот на министерот Ставрески, Сашо Ефтимоски, кој, според неделникот, ги добивал сите тендери од Владата, а се очекувало да го добие и тендерот на ЈСП за електронски картички и џи-пи-ес навигација на автобусите.
Фокус посветува и напис за братучедот на министерот Ставревски, Сашо Ефтимовски, кој, според неделникот, ги добивал сите тендери од Владата.
Неделникот Фокус, пак, во неговиот стил „сам против сите“ и инсинуативно настроен, во уводникот пишува дека, како што вели, „Црвениот одиграл лошо“. Дека тоа што го понудил стариот лик на Шеќеринска надевајќи се дека од сенка ќе ги влече конците на нејзината влада, ќе било доволно Груевци во неа да видат продолжена рака на Црвенковски и дека тоа ќе било тежок товар за СДСМ во изборната битка. Но, вели уводничарот, тешко на Б.Ц. ако и тој спие на такво увце. Сетете се само што остана од прстињата на Санадер, кој мислеше дека завршил работа со инсталирањето на Косорка во неговата фотелја!, потсетува Фокус.
Глобус, исто така забележува дека сега ја имаме првата жена која ќе се обиде да ја вади македонската кола од најдлабоката кал во нејзината историја.