Достапни линкови

Анкетоманија пред избори


„Повторно ли за политика?“ - ова велат од Институтите за испитување на јавното мислење е најчеста реакција на граѓаните во услови на бројни анкети пред избори.

Пак ли за политика?! Вака граѓаните реагираат на јавувањето на анкетарите, велат од институтите за испитување на јавното мислење. Во услови на „анкетоманија“ каква што владее во земјата, кога многу институци и организации прават анкети, на луѓето им е преку глава, постојано некој да им
Од човекот зависи повеќе. Кому не му е битно ќе си каже што мисли.
се јавува и да прашува. А освен тоа, тие и се плашат да кажат што мислат, велат социолозите.

Граѓаните не сакаат анкети, но велат дека при одговорите се искрени.

„Од човекот зависи повеќе. Кому не му е битно ќе си каже што мисли.“

„Зависи од човекот, секој за себе си кажува.“

„Па тие што се за партијата ќе кажат за партијата.“

„Јас не сум за ниту една партија, сакам да ми биде чиста совеста.“

Сите си имаат своја анкета.

Испитаниците најмалку сакаат да одговарат на политички анкети и таму има најмногу одбивања. Инаку, во просек на секој кој прифатил да одговора на телефонска анкета, му доаѓаат по тројца кои тоа го одбиле, објаснува Марко Трошановски од Институтот за демократија.

„Најчесто што ни велат е ’Повторно ли за поликата?‘. Во таа фраза би можел да ја сумирам реакцијата на јавноста во однос на политичките анкети, што е разбирливо бидејќи во пресрет на кампањата институтите за истражување на јавното мислење, фирмите кои се занимаваат со ова, работат
Најчесто што ни велат е ’Повторно ли за поликата?‘. Во таа фраза би можел да ја сумирам реакцијата на јавноста во однос на политичките анкети.[...]Луѓето и да имаа волја да споделат свој став, после три јавувања во неделата сигурно и ним им доаѓа преку глава.
активно така што претпоставувам дека и неколку пати неделно може да им се јави некој за анкетирање, така што луѓето и да имаа волја да споделат свој став, после три јавувања во неделата сигурно и ним им доаѓа преку глава.“

Трошановски вели дека за разлика од телeфонските, при теренските анкети имаат подобри резултати, бидејќи луѓето имаат поголема доверба кога можат да видат со кого зборуваат.

Во услови кога во Македонија владее една состојба на „анкетоманија“, луѓето се плашат да одговараат, бидејќи сметааат дека ако некој открие дека се приврзаници на одредена партија, може потоа да имаат последици, вели социлогот Хисен Јашари.

„Луѓето сакаат на некој начин да одговараат, да знаат со кого имаат работа и така да биде и одговорот. Значи очекуваат да бидат во линија на анкетарот.“

Експертите велат дека анкетите се незаменливо средство за добро водење политика. И треба да се искористат како средство за да се чуе мислењето на народот, а не на луѓето да им се наметнува мислењето на политичарите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG