Честото спроведување анкети за да се испита пулсот на народот не е проблематично, но симптоматично е тоа што кај нас тие, наместо да се мерило за јавното мислење, истите се користат како негов креатор, велат упатените во оваа област. Тие посочуваат дека истражувањата им се нужни на политичките партии.
„Во Македонија, повеќе анкетите се третираат не како мерење, како индикатор на јавното мислење, туку како создавач на јавното мислење. Тоа значи, за да ги охрабрите оние гласачи кои се мислат да ја поддржат вашата партија ако понудите некој процент повисок за поддршка на вашата партија тие ќе се охрабрат да и тие евентуално гласаат за вас“, изјави Здравко Савески од Факултетот за општествени науки.
За жал, не располагаме со научни институции кои би биле независни и би покажале резултати кои се објективни и врз кои немало никакво политичко влијание, подвлекува Савевски.
„Вистинските податоци им ги нудат на партиите како стојат работите со јавното мислење, но во јавноста се пласираат „фризирани“ податоци за да се креира јавното мислење.“
Политикологот Владимир Божиноски од Институтот за политички истражувања вели дека правото на секоја партија да нарача анкета е легитимно. Еве и зошто
„Преку тоа да видат каков е нивниот рејтинг, какви се ставовите на граѓаните за политиките коишто ги водат, за чекорите што ги преземаат и тоа е сосема во ред и нема никаков проблем. Проблемот е околу релевантноста и кредибилитетот.“
Според Божиноски, проблем е кога резултатите се неточни, а со тоа анкетите тотално нерелевантни. Политиколозите објаснуваат дека анкетите се вообичаена пракса и во другите европски земји. Според нив, има земји во кои на секои три дена има ново истражување и тоа особено во предизборен период.
Деновиве, речиси истовремено се појавија резултатите на словенечкиот инститит Ифимес и македонскиот Димитрија Чуповски. Нивните истражувања за рејтингот на партиите имаат сосема различни резултати.
Анкетите се третираат не како мерење, како индикатор на јавното мислење, туку како создавач на јавното мислење.
„Во Македонија, повеќе анкетите се третираат не како мерење, како индикатор на јавното мислење, туку како создавач на јавното мислење. Тоа значи, за да ги охрабрите оние гласачи кои се мислат да ја поддржат вашата партија ако понудите некој процент повисок за поддршка на вашата партија тие ќе се охрабрат да и тие евентуално гласаат за вас“, изјави Здравко Савески од Факултетот за општествени науки.
За жал, не располагаме со научни институции кои би биле независни и би покажале резултати кои се објективни и врз кои немало никакво политичко влијание, подвлекува Савевски.
„Вистинските податоци им ги нудат на партиите како стојат работите со јавното мислење, но во јавноста се пласираат „фризирани“ податоци за да се креира јавното мислење.“
Вистинските податоци им ги нудат на партиите како стојат работите со јавното мислење, но во јавноста се пласираат „фризирани“ податоци за да се креира јавното мислење.