Достапни линкови

Евроентузијазам или скептицизам


Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски
Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски

Во Македонија нема тренд на евроскептицизам, туку евроентузијазам, оценува вицепремиерот Васко Наумовски.

Процентот од 75,2 отсто македонски граѓани кои го поддржуваат членството во ЕУ, добиен во последното истражување на Секретаријатот за европски прашања, е сосема добар и е во рамките на просекот на поддршката во земји кои се веќе членки на ЕУ или се поблиску до членство. Ова го кажа вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски неколку денови по објавената анкета што во
Напротив мислам дека во Македонија владее еден евроентузијазам и дека најголемиот дел од македонските граѓани се свесни за поддршката на европската
интеграција.
дел од јавноста беше прокоментирана како сигнал што покажува намалување на процентот на подршка за влез во ЕУ од македонските граѓани. Во Македонија нема тренд на евроскептицизам, оцени Наумовски:

„Напротив мислам дека во Македонија владее еден евроентузијазам и дека најголемиот дел од македонските граѓани се свесни за поддршката на европската интеграција.“

Она што можеби е различно од останатите истражувања е тоа дека на прашањето дали доколку утре се одржи референдум за влез на Македонија во ЕУ ќе гласате позитивно или негативно, забележана е бројка која е различна од останатите анкети, но би требало да се напомене дека досега прашањето било поставувано генерално односно дали сте за влез на Македонија во ЕУ, рече Наумовски. Инаку, според истражувањето на Евробарометер објавено во февруари, на прашањето дали членството на вашата држава е нешто добро или лошо, 66 од граганите се изјасниле позитивно. Во Германија тој процент е 60, во Франција 49, но на пример во Унгарија 34, во Летонија 23 или Велика Британија 30 проценти. Наумовски исто така кажа дека евроинтегративниот процес не може да се гледа одвоено бидејќи, како што рече, нашето членство е условено со решавање на спорот за името.
Секој оној што се занимава со европската интеграција на Македонија неможе да ја игнорира улогата што во тој процес ја има спорот со Грција.


Вака беше на 14 Октомври 2009


„Секој оној што се занимава со европската интеграција на Македонија не може да ја игнорира улогата што во тој процес ја има спорот со Грција, тоа е едно билатерално прашање што е наметнато и мислам дека доколку се обидуваме да ги затскриваме работите под тепих нема да успееме да дојдеме до саканата цел.“

Амбасадорот на Велика Британија Ендрју Ки смета дека во Македонија нема евроскептицизам. Во Британија сум слушнал за евроскептицизам, во Македонија не. Затоа е во интерес на земјата да продолжи со реформскиот процес и ние сме тука да ја поддржиме во тоа, рече Ки кој изнесе своја оценка и за достигнувањата во реформите во јавната администрација.

„Има напредок во сферата на воспоставување на систематизација на менаџирање на човечки ресурси, исто така јасно е од извештајот дека треба уште повеќе напредок, уште повеќе напори. Ние веруваме дека ова е многу важно за земјата, а исто така за напредокот на земјата кон ЕУ."

Тој ова го кажа по повод потпишаниот годишен договор за соработка меѓу Секреатрјатот за европки прашања и британската амбасада и меморандумот за соработка со генералниот секретаријат на владата за новата програмска година од проектот градење капацитети за ЕУ интеграција што се очекуава да придонесат за зајкнување на капцитетот на институциите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG