Достапни линкови

Проширувањето последно на белгиската агенда


Белгискиот амбасадор во Македонија Марк Микелсон, при презентирањето на приоритетите на неговата земја со ЕУ, повтори дека проширувањето не е приоритет на белгиското претседателство.

Проширувањето на Европската унија е последниот од петте приоритети кои ги презентираше белгискиот амбасадор во земјава Марк Микелсон, говорејки за претседавањето на неговата земја со Европската унија. Економската ситуација, социјалната ситуација во разни теми кои се разгледуваат, прашања од областа на животната средина и правните прашања се четирите приоритети кои Микелсон ги
Перспективата за европски интеграции е перспектива за која е потребно време. Тоа се одвива во фази и има и напредок и
падови.
презентираше пред да ја нагласи посветеноста за проширување на европското семејство. Прва точка на агендата на белгиското претседателство се чини е справување со кризата во Унијата:

„Во овој момент, на ниво на Европската унија, работиме на серија мерки кои ќе се имплементираат на финансиските пазари. Откако 27-те земји членки ќе постигнат согласност, мерките ќе им бидат презентирани на земјите членки на Г-20.“

За проширувањето, пак, белгискиот амбасадор вели:

„Перспективата за европски интеграции е перспектива за која е потребно време. Тоа се одвива во фази и има и напредок и падови. Секое претседателство има за задача да ги согледува можностите и кога има напредок тоа треба да се капитализира и земјата треба да се
Исто така, тоа што не загрижува е тонот на политичкиот дискурс кој се случува во изминативе неколку недели. Бевме сведоци на говори и дописи од лидери и генерални секретари на политички партии во кои се употребуваше грубо и осветољубиво изразување.
охрабри да се приближи кон Европската унија - треба да се анимира тој процес.“

Евроамбасадорот Ерван Фуере со забелешка за недостатокот на политичкики дијалог во Македонија:

„Исто така, тоа што не загрижува е тонот на политичкиот дискурс кој се случува во изминативе неколку недели. Бевме сведоци на говори и дописи од лидери и генерални секретари на политички партии во кои се употребуваше грубо и осветољубиво изразување. Тоа не го очекувавме од зрела демократија.“

Пратеникот на опозициската СДСМ Игор Ивановски со две констатации од излагањето на белгискиот амбасадор:

„Првата да апелираме проширувањето на ЕУ да биде на што е можно повисоко ниво во приоритите на белгиското претседателство, а со тоа и на Европската Унија и Советот на Европа и втората очекуваното посветување на ЕУ на своите внатрешни проблеми ја остава Македонија во позиција да самата се избори за свое подобро место во процесот на проширување.“

Александар Спасеновски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, изрази надеж дека и покрај внатрешните проблеми, проширувањето на Европската унија ќе претставува приоритет.

„Исто така сметам дека е особено важно белгиското претседателство и ЕУ во рамките на месеците што следат, секако дека ќе посветат внимание на темата што е осбоено важна за Македонија, а тоа е убрзување и унапредување на процесот на проширувањето на ЕУ.“
XS
SM
MD
LG