Медијаторот Метју Нимиц ги засили активностите и консултациите со двете страни, а тоа дава надеж за решение, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали се блиску Македонија и Грција за решавање на спорот со името, по вчерашните искази на министерот за надворешни работи на Белгија Стивен Ванекере, дека спорот ќе се реши за неколку седмици и оти се усогласуваат само деталите. Груевски изјавил дека редовно контактира со премиерот на Грција за да ги подобрат односи меѓу двете држави.
Иванов е задоволен од „новата“ клима Скопје - Атина
Претседателот Ѓорге Иванов е задоволен од новата клима создадена меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името , велат во кабинетот на претседателот. Оттаму не го коментираат ставот на шефот на белгиската дипломатија Стивен Ванекере искажан вчера, според кој, решението за името со Грција ќе се постигне за неколку недели. Од кабинетот на претседателот велат дека моментот е специфичен и сметаат дека е важно што се враќа довербата меѓу двете земји. Спорот со името било тема на разговор и на денешните средби во Призрен на претседателот Ѓорге Иванов со претседателите на Косово, Црна Гора и Албанија. Тројцата претседатели изразиле поддршка за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение меѓу Скопје и Атина и настапиле со став дека неговото надминување е од директен интерес на трите земји.
Што рече Венекере?
Белгиското претседателство со Европската Унија, кое стартува од 1-ви јули, има сигурни информации дека спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе биде решено за неколку недели. Како што јави Дојче Веле, ова денеска го изјавил министерот за надворешни работи на Белгија, Стивен Ванекере. “Вчера имав контакти со важни луѓе и на сите им е јасно дека е важна дискретноста на преговорите меѓу Грција и ПЈРМ и ова би требало да се реши во наредните седмици”, изјавил Ванекере. Белгискиот премиер Ив Летерм денеска во Брисел додаде дека за започнување на преговорите со Македонија за членство во Европската Унија, не само што треба да биде решен спорот со името, туку уште еднаш да се провери дали Македонија ги исполнува сите критериуми. Инаку, Белгија денеска ги презентира приоритетите за време на нејзиното претседавање со Европската Унија, при што проширувањето е 5-то на списокот.