Спроведувањето на реформите за почитување на копенхашките критериуми, било тема на разговор меѓу Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, денеска во Брисел. Состанокот Филе - Милошоски е во пресрет на седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, кој треба да се одржи на 20 јули. Милошоски изјавил дека се надева дека Советот ќе помине во позитивна атмосфера, и дeка ке има продуктивна дискусија за реформските пакети што Македонија ги остварува во администрацијата, судството, во политичкиот дијалог, како и во однос на законите поврзани со енергетскиот пазар во Македонија.
Надеж и реалност!
Колку и да се тврди дека опстануваме на курсот на реформите за приближување кон ЕУ, во пракса не може да се забележи никакво поместување, велат експертите. Тоа најмногу зависи од еврооптимизмот или евроскептицизмот кај владејачката гарнитура којашто истовремено настапува и со ставот дека најпрвин е важно да се реши прашањето за името. За тоа време како да се заборава на реформите и тоа полека го исцртува наредниот извештај на ЕК во којшто наместо постојано очекуваниот напредок се очекува да
биде забележано статус кво во исполнувањето на критериумите од Копенхаген.
Тие подразбираат политички економски и правни реформи од кои засега за ЕУ се најважни политичките, вели професорот Ивица Јосифовиќ. Економските и правните критериуми никој од нас не бара да се исполнат веднаш туку тоа е процес којшто ќе трае заедно со преговорите, велат експертите.
„Што се однесува до политичките критиериуми искрено од моја страна многу, многу не гледам некоја промена и подобрување односно забелешките ќе бидат исти, реформи во јавната администрација мора да се забразат, борба против корупција мора да се зајакне, реформи во судството исто така мора да се зајакнат и она што е битно и што ЕУ мислам дека ќе го потенцира е тоа дека политичкиот дијалог мора да биде на повисоко ниво бидејќи во последно време недостасува.“
Треба да се намали трендот на вработувања во јавната администрација и воведување на Мерит системот, реформите во судството не се спроведуваат во пракса, борбата против корупцијата се уште не дава поголеми резултати.
„Економската сфера и проблемите во економската сфера се исто така многу слаби, невработеноста, социјалните проблеми и овие сфери се тие кои на непосреден начин се одразуваат врз правата на граѓаните, а тука ние се уште стагнираме“, додава професорот Осман Кадриу.
ЕУ не бара од нас да ги псолниме веднаш сите критериуми, велат експертите, но неспорно е дека треба да постои постојан напредок во нивното исполнување, велат експертите. Пораките од европските дипломати дека реформите како да се подзаборавени се се поинтензивни.
Неодамна Еврокомесарот за проширувањето Штефан Филе при неодамнешната средба со македонскиот премиер порача - да се надомести изгубеното време од почетокот на годината. Извештајот на ЕК ќе биде објавен наесен, а земјата се уште не остварила доволен напредок во сферата на борбата против корупцијата, јавната администрација, слободата на медиумите, а Брисел го разгледува и контроверзниот закон за електронски комуникации. Европската Комисија ќе даде поконкретна оцена за еден месец кога ќе се одржи редовниот Совет за стабилизација и асоцијација помеѓу РМ и ЕУ. Тоа е воедно тема и на денешната средба Милошоски Филе во Брисел. Да престанат партиските вработувања и политичкото влијание врз судството коишто истовремено ја ослабуваат довербата на граѓаните во државните институции. им порача на македонските власти неодамна евроамбасадорот Ерван Фуере.

Што се однесува до политичките критиериуми искрено од моја страна многу, многу не гледам некоја промена и подобрување односно забелешките ќе бидат исти.
Тие подразбираат политички економски и правни реформи од кои засега за ЕУ се најважни политичките, вели професорот Ивица Јосифовиќ. Економските и правните критериуми никој од нас не бара да се исполнат веднаш туку тоа е процес којшто ќе трае заедно со преговорите, велат експертите.
„Што се однесува до политичките критиериуми искрено од моја страна многу, многу не гледам некоја промена и подобрување односно забелешките ќе бидат исти, реформи во јавната администрација мора да се забразат, борба против корупција мора да се зајакне, реформи во судството исто така мора да се зајакнат и она што е битно и што ЕУ мислам дека ќе го потенцира е тоа дека политичкиот дијалог мора да биде на повисоко ниво бидејќи во последно време недостасува.“
Треба да се намали трендот на вработувања во јавната администрација и воведување на Мерит системот, реформите во судството не се спроведуваат во пракса, борбата против корупцијата се уште не дава поголеми резултати.
Економската сфера и проблемите во економската сфера се исто така многу слаби, невработеноста, социјалните проблеми и овие сфери се тие кои на непосреден начин се одразуваат врз правата на граѓаните, а тука ние се уште
стагнираме.