Достапни линкови

Ескобар-Северна Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ, во БиХ нема да има војна


Заменикот помошник државен секретар во бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Габриел Ексобар
Заменикот помошник државен секретар во бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Габриел Ексобар

Американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се надева дека Северна Македонија и Албанија до крајот на годинава ќе почнат преговори со ЕУ. Во пресрет на неговата посета на Сараево, им порача на граѓаните на БиХ дека нема да има нова војна.

Заменикот помошник државен секретар во бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Габриел Ексобар денеска во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори со Европската Унија. Тој истакна дека се надева дека двете земји ќе стартуваат со преговорите за членство во ЕУ во оваа година. Според него, во моментов во Западен балкан нема лесно запаливи точки, односно нема жешки теми.

Ексобар - Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори со ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

„Јас би рекол дека нема такви, ако ги погледнете нашите односи со Албанија и Северна Македонија, по мое мислење, тие се подготвени да ги почнат преговорите за членство во ЕУ, и се надеваме дека ЕУ тоа ќе го препознае и дека ќе ги почнат преговорите оваа календарска година. Нашето партнерство со двете земји и преку НАТО членството и блатерално се извонредни. Тие се добри сојузници, добри партнери и добри пријатели, и тоа и го кажувам на ЕУ, тоа можат да го очекуваат од овие земји“, изјави Ескобар за Радио Слободна Европа.

Тој посочи дека со европските партнери соработуваат и околу дијалогот кој го води ЕУ меѓу Косово и Србија. Во пресрет на посетата на БиХ пак изјави дека сака на граѓаните да им порача дека нема да има нова војна. Тој во интервјуто за РСЕ на само два дена пред неговата посета на Сараево истакна дека пред да најави евентуални санкции, прво ќе разговара со американскиот амбасадор во земјата. Ексобар во интервјуто не прецизираше за какви сакции станува збор.

„Тоа е на масата. Но, сакам да им кажам на луѓето во БиХ дека нема да има нова војна. Ние, меѓународната заедница, нашите партнери во Европа, сакаме да бидете сигурни дека сме посветени на мирот и сигурноста. Што се донесува на однесува на ослабените централни институции, ќе бидам искрен, причината е корупција. Она што Додик( лидерот на босанските Срби) го прави е желба да ги заштити својата моќ и пари. Барам луѓето да не наседнат на тоа, да не му дозволат да го стори тоа,“ порача Ескобар.

Шпекулациите за можноста за нови вооружени конфликти во БиХ се проширија во последните месеци, откако Република Српска најави неуставно враќање на државните надлежности.

На прашањето на Радио Слободна Европа дали верува дека тој е човекот кој може да ја запре анти босанската реторика како и конкретните потези на Додик, тој посочи дека агендата на Додик не е поддржана од никој од регионот, вклучувајќи ја и Србија.

„ Да бидам искрен, агендата на Додик не ја поддржува никој во регионот, дури ни Србија со која имаме партнерство. Не се обидувам да ги поделам Србите, но ако видите што правиме ние во Србија, каде што отворено ја поддржуваме иницијативата „Отворен Балкан“ ( иницијатива за слободно движење на луѓето и стоковата размена меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија) која ја сметаме за позитивен развој во регионот. Потпишавме речиси милијарда долари голем пакет за помош, ново универзитетско партнерство со Белград, кој е еден од најдобрите универзитети, потоа Будимпешта, Атина, меѓу Јадранското и Црно море, каде што имаме вежби на зелените баретки и американските маринци кои вежбаат со српската војска. Тоа можеме да го направиме и за Србите во Република Српска“, изјави Ексобар.

Додик тера алтернатива порака, каде што попрво би видел како Република Српска станува Трансилванија или Јужна Осетија, само да го заштити своето богатство, заклучи Ескобар посочувајќи примери за проруските сепаратистички територии во Молдавија и Грузија.

Новиот висок претставник Кристијан Шмит, пак, претходно предупреди дека БиХ е во непосредна опасност од распаѓање и дека постои „многу реална“ можност за враќање на конфликтот.

Во извештајот до Обединетите нации Шмит напиша дека доколку сепаратистите од Босна и Херцеговина во Република Српска ја исполнат својата закана за повторно создавање армија, меѓународните мировници треба да бидат вратени во голем број за да се запре можноста оф нова војна, пишува британскиот весник Гардијан, кој имаше пристап до документот.

Пред десетина дена американскиот пратеник за Западен Балкан Ескобар изјави дека не постои можност за отцепување на Република Српска од БиХ. Тој тогаш ги осуди последните потези на српскиот член на Претседателството на БиХ, кои се однесуваат на враќање на надлежностите на ентитетите, додавајќи дека тие водат кон ескалација.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG