Според законот, украинските деца можат да одат во полски училишта, а украинските граѓани се здобија со право да работат во Полска, се третираат како полски државјани, и ако не најдат работа може да добијат социјална помош. Имаат и здравствено осигурување, вели полскиот амбасадор Војциех Тицињски.