Петковска - Медиумите во Македонија долго се во длабока криза
Медиумите во Македонија подолго време се во длабока криза, институциите потфрлаат во создавањето на амбиент за нивно функционирање, вклучително и за постапувањето за нападите кон новинари, вели Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми. Независноста на медиумите сега е и под ризик од враќањето на државното рекламирање во приватни медиуми.