На директен или индиректен начин, вицепремиерот Анѓушев е сопственик на една третина од малите хидроелектрани во земјава. Опозицискиот лидер Мицкоски има удел во фирма која има три хидроелектрани. Невладините бараат истрага за тоа дали „се омрсиле“ злоупотребувајќи ја политичката положба.
Жителите на село Жировница во Националниот парк Маврово, деновиве организираа акција за зачувување на Река Жировничка, за која велат дека е под закана од уништување поради плановите за изградба на две мали хидроелектрани кои, според нив, ќе ги стават во опасност и изворите на водата за пиење.
Покрај пријавата за лажен стечај, компанијата „Те-То“ е пријавена и за перење пари, поради сомнеж дека до неа водат трансакции на руски пари кои се предмет на истрага за криминал во Русија, велат од Финансиската полиција.
Туристичка агенција, дуќани во Скопската чаршија, апартмани во Хотел Парк се дел од имотот на ИВЗ. УЈП и неколку институции под лупа го ставија работењето на ИВЗ. Документите до кои дојдовме покажуваат дека ИВЗ за своите приходи на државата не и прикажала ниту една сметка во изминатава деценија.
Меѓународна компанија ќе го отстранува линданот од депониите на ОХИС во Скопје, процес за кој ќе бидат потребни десетици милиони евра, велат од Министерството за животна средина. Истражувањата покажуваат дека 470.000 жители на Скопје секојдневно се изложени на историски натрупаниот пестицид.
Министрите во Владата минатата година потрошиле околу 46 илјади евра државни пари по ресторани. Најмногу од нив, околу 7500 евра потрошил министерот за животна средина Садула Дураки. За разлика од него најмалку или 50 евра потрошила министерката Апостолска.
Иако се уште нема официјална потврда дека битолските основци се повредиле поради играње на опасните интернет игри Момо и Синиот кит, јавноста е во паника од опасностите и предизвиците кои ги нуди виртуелниот свет. Експерти советуваат поголема родителска контрола, но и нивна информатичка едуцираност.
Уставниот суд времено го укина мораториумот за градење во општина Центар. Градоначалникот порача дека е разочаран и дека општината не се откажува од мораториумот. Во меѓувреме ликот на општината и сега се менува.
Иванов од стапувањето на функцијата досега на подароци отишле околу 120 илјади евра.
Дрисла и во 2018 година продолжила со истиот тренд на согорување медицински отпад и покрај забраната за ограничување на работата на депонијата. Бројките на согорениот медицински отпад во Дрисла во ниту една година не се совпаѓаат со пријавените количини од страна на здравствените институции.
МПЦ под истрага на УЈП. Владиката Тимотеј вели дека не знаел. Од УЈП пак, за РСЕ велат дека ја утврдуваат фактичката состојба на МПЦ. Документите до кои дојдовме покажуваат дека МПЦ е богата институција со имот од кој може да остварува приходи
На многу локации во државата во изминативе години неповратно се отуѓи државна земја за ниски или речиси никакви надоместоци, а властите се правдаа дека продажбите на државното земјиште се спроведуваа „согласно законите“. Критичката јавност посочува дека така се збогатува мала група моќници.
Вчитај повеќе