Коалицијата „Европски сојуз за промена“ ќе понуди конкуренција во албанскиот политички блок со фокус на економските прашања, вели претседателот на Деморатско движење, Изет Меџити, чија партија е дел од опозицискиот фронт, заедно со БЕСА и Алтернатива
Се работи за казино бизнисот и брзите кредити кои по случајност или не лиценците ги добиваат луѓе од ДУИ преку Министерство за финансии, вели во интервју за РСЕ претседателот на Демократско движење, Изет Меџити.
Една од причините за сегашниот низок рејтинг на СДСМ е бидејќи не го реализираше своето ветување од 2016 година, кога тогашниот лидер на партија Зоран Заев рече дека нема да влезе во коалиција со „криминалците и бандите“ од ДУИ, вели пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неделното интервју на РСЕ. Тој вели дека после изборите “една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има.“
Власта не понуди контра аргумент зошто е подобро, пред се од економски и практичен аспект, да има два изборни циклуси, а не да има еден споен изборен циклус, вели пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Палење на трска во Охридското Езеро е единствен случај во кој Државниот инспекторат за животна средина подлен кривична пријава во изминатава година. Другите постапки за загадувачите се прекршочни.
Стотици тони опасен отапд со месеци бил нелегално складиран на приватни парцели во скопската населба Ѓорче Петров, а за тој период не знаеле ниту државните инспектори, ниту општинските, вели директорот на Државниот инспекторат Сретен Стојковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски одат на продажба. Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за РСЕ.
Ниту една третина нема продадено од имотот на господинот Сашо Мијалков, но наскоро ќе бидат ставени на аукција дваесет и нешто недвижни имоти, најави диркеторот на Агенцијата за конфискуван имот Дритон Небиу.
Со пеналите за неповлечените транши за капиталните инвестиции од 10 до 18 милиони евра можеше да се изградат 30-тина градинки. Недозволиво е, како што покажуваат бројни ревизорски извештаи да нема одговорност за повлечени средства за капитални инвестиции, објаснува професот Борче Треновски.
Јас би размислувал за некоја обратна прогресија на зголемување на пензиите, односно постепено да се направи некоја прогресија со која оние од најранливите категории пензионери би добиле малку поголемо зголемување отколку другите, вели во неделното интервју за РСЕ професор Борче Треновски.
Повеќе државни институции се „мета“ на последните извештаи на ДЗР поради утврдени неправилности во работењето. Главниот државен ревизор смета дека не е битно дали има притисоци од одредени центри на моќ битно е колку ќе ги издржат влијанијата. Онкологија и битолската болница се со слични слабости.
Се додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели во неделното интервју за РСЕ лидерот на движењето Биљал Касами.
Вчитај повеќе