УКИМ има академска слобода, автономија во управувањето, во кадровската политика. Ние самостојно и автономно одлучуваме за многу прашања и проблеми, без мешање на политиката, но кога се работи на пример за финансиска автономија тука не сме сосема задоволни, вели ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.