Деспотовски – Во регионот само Србија стои подобро од нас во привлекувањето странски инвестиции
Србија навистина е лидер на регионот во однос на привлекувањето странски инвестиции, но останатите земји од регионот не се на ниво на Македонија. Со членството во НАТО и очекуваниот почеток на преговори со ЕУ, очекувам поголем интерес на инвеститорите за земјава, вели директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.