Повторно влегуваме во нешто, можеби повеќе спремни од претходно, но не задоволително, заради тоа што чувството на неорганизираност и недобар план и понатаму постои, вели доктор Игор Николов, Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Требаше порано да се воспостави контрола на границите и да се забранат лудите журки на затворено кои се случуваам, вели доктор Игор Николов од здравствената комисија на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги владините антиковид мерки.Тој смета дека тие се брзоплето донесени и не прецизни.
На повидок нема решение на спорот со Бугарија што ќе биде во наша корист. Очигледно е дека Македонија во догледно време нема да биде дел од ЕУ. Регионалните механизми на соработка во асоцијација со ЕУ е нешто што е поверојатно во блиска иднина, вели политичкиот аналитичар Марко Трошановски.
Треба да се испочитува волјата на граѓаните и да не се делегитимира самата влада веднаш откако ќе завршат изборите, туку да им се даде некое време да почнат да го остваруваат ветеното, вели политичкиот аналитичар Марко Трошановски од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.
Кога некој ќе ви каже дека „природната позиција на уметникот е да биде слободен и да биде огледало на неговото современие, да биде коректор, а не да биде партиски памфлет, тогаш работите се сосема јасни. Дарија Андовска му припаѓа на тој сој творци.
Културата нема да престане да биде монета за поткусурување сè додека политиката и партиите се во сите пори на општеството. Сè додека се добиваат проекти и позиции по партиска заслужност, сè додека постојат црни листи не можеме ни да зборуваме за уметност, вели за РСЕ Дарија Андовска, уметник.
Годината на преживување македонската писателка Лидија Димковска ќе ја помни по стихозбирката „Гранична состојба“ како „една од кулминативните точки на нејзиниот творечки опус“ и по двете големи и значајни поетски награди „Чаша на бесмртноста“ во Словенија и „Наим Фрашери“ во Македонија
Кога почна пандемијата бев краен оптимист дека навистина таа нешто ќе не научи. Меѓутоа колку што поминува времето сè повеќе ми се чини дека нема да излеземе попаметни од оваа несреќа, од оваа катастрофа што му се случи на човечкиот род и на светот воопшто, вели писателката Лидија Димковска.
Ако режисерот Владимир Милчин режира претстава за сегашната состојба во Македонија, тоа би било гротеска, со одвреме-навреме смеа, но со мачен впечаток на крај. Тој вели дека македонските дела Крпен живот, Печалбари и Арамиско гнездо ја дефинираат состојбата во кој сме доведени.
Зоран Заев игнорирајќи го договорот ја распушти коалицијата „Граѓани за Македонија“. Тој направи всушност – Ај досега ми требавте, сега не ми требате! и ги шутна граѓаните. Тоа претставува големо бреме за каков било граѓански ангажман, вели долгогодишниот граѓански активист Владимир Милчин.
Граѓаните работниот стаж да го проверат не дента кога ќе го остварат правото за пензија, туку додека се уште се во работен однос. Тоа може да се направи во подрачните единици на ПИОМ, но и електронски на сајтот на Фондот и преку uslugi.gov.mk, вели за РСЕ, директорката на ПИОМ Билјана Јовановска.
Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата, вели директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во интервју за РСЕ.
Вчитај повеќе