Годината на преживување македонската писателка Лидија Димковска ќе ја помни по стихозбирката „Гранична состојба“ како „една од кулминативните точки на нејзиниот творечки опус“ и по двете големи и значајни поетски награди „Чаша на бесмртноста“ во Словенија и „Наим Фрашери“ во Македонија
Кога почна пандемијата бев краен оптимист дека навистина таа нешто ќе не научи. Меѓутоа колку што поминува времето сè повеќе ми се чини дека нема да излеземе попаметни од оваа несреќа, од оваа катастрофа што му се случи на човечкиот род и на светот воопшто, вели писателката Лидија Димковска.
Ако режисерот Владимир Милчин режира претстава за сегашната состојба во Македонија, тоа би било гротеска, со одвреме-навреме смеа, но со мачен впечаток на крај. Тој вели дека македонските дела Крпен живот, Печалбари и Арамиско гнездо ја дефинираат состојбата во кој сме доведени.
Зоран Заев игнорирајќи го договорот ја распушти коалицијата „Граѓани за Македонија“. Тој направи всушност – Ај досега ми требавте, сега не ми требате! и ги шутна граѓаните. Тоа претставува големо бреме за каков било граѓански ангажман, вели долгогодишниот граѓански активист Владимир Милчин.
Граѓаните работниот стаж да го проверат не дента кога ќе го остварат правото за пензија, туку додека се уште се во работен однос. Тоа може да се направи во подрачните единици на ПИОМ, но и електронски на сајтот на Фондот и преку uslugi.gov.mk, вели за РСЕ, директорката на ПИОМ Билјана Јовановска.
Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата, вели директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во интервју за РСЕ.
Премиерот Јанез Јанша јасно кажа дека проширувањето не е техничко прашање, туку е големо геостратешко прашање за ЕУ. Ако ЕУ не успее да се прошири на Западниот Балкан, некој друг ќе го направи тоа, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
На С. Македонија ѝ се потребни нови инвестиции, а инвеститорите сакаат да дојдат во земја каде навистина може да работат во многу стабилна и во добра правно регулирана средина. Овде прашањата на корупција и организиран криминал се суштински, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан.
Има подобрување на економиите во Источна Европа, и повеќе од очекуваното, но во Македонија нема подобрување, покажува анализата на Виенскиот институт за економија. Авторот на анализата Бранимир Јовановиќ вели дека македонската влада не обезбеди доволна економска поддршка на економијата.
Единствениот проблем е во некои надлежности и законски решенија на релација ЦУК и МВР. Во интерес на граѓаните е да се надмине, а не да навлеземе во тоа кој на кого му газдува, вели за РСЕ директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Бројот 112 е дел од Центар за итни повици.
Противпожарните авиони не може да летаат, не се сервисирани, оти лани беше спроведена неуспешна постапка за сервисирање. Зависиме од еден оператор, а тие секоја година за 30 до 40 отсто ги зголемуваат цените, вели Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Што предложила македонската делегација во Софија? Што значи ветувањето за одбивање од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија кое заменик шефот на бугарската дипломатија го цитираше на состанокот на ЕУ? Погледнето го интервјуто со министерот за надворешни работи Бујар Османи
Вчитај повеќе