Милчин - Заев го обезвредни граѓанскиот ангажман
Зоран Заев игнорирајќи го договорот ја распушти коалицијата „Граѓани за Македонија“. Тој направи всушност – Ај досега ми требавте, сега не ми требате! и ги шутна граѓаните. Тоа е нешто што претставува големо бреме за каков било граѓански ангажман, бидејќи тоа што се случи ја обезвредни, ја поткопа, ја минира идејата за граѓански ангажман, вели долгогодишниот граѓански активист Владимир Милчин за РСЕ.