Народниот правобранител нема да има амнестија кон ниту еден припадник на орган на управа или носител на јавна функција, напротив наша должност е да ги штитиме правата и должностите на граѓаните, вели новиот омбудсман Насер Зибери во интервју за Радио Слободна Европа.
Ако законски се ограничи бројот на вработувања во општините и јавните претпријатија, ќе се намали притисокот врз функционерите за вработувања и ќе се реши проблемот со превработеност, што потоа генерира несуштински трошоци, наместо инвестиции, вели министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Со Милевски зборуваме и за длабокиот кои постои меѓу осумте плански региони, за развојот на руралните средини и за ИПА фондовите.
Не сум информиран до каде е разврската за нападот врз сајтот на ДИК на изборите, оти сега дојдов, но мислам дека ќе се докаже виновникот. Почнуваме да работиме на тој план и се надевам дека ќе успееме за следните избори да не се случи истата грешка, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Ќе имаме голема црна дупка на оние кои се иселиле од државата, што ние не сме ги регистрирале со тековните регистрации. Јас ќе бидам прв што ќе биде незадоволен од податокот, но тоа не значи дека нема да го прифатам, вели директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски во интервју за РСЕ.
Нашите погледи кон соседите се изградени во еден претходен систем и тие биле антибугарски, антиалбански, антигрчки. Сега кога влегуваме во друг сојуз не можете со истите очила да го гледате светот. Сега погледот кон соседите треба да се создаде во Скопје, вели министерот Бујар Османи.
Секое излегување од Договорот за пријателство со Бугарија, го прави проблемот конфузен и неразбирлив, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој додава дека идентитеските теми како јазикот се на маса, но дека за нив македонската страна не преговара.
Потребна е добра проектна документација, да имаме добри изведувачи на терен, да не се користат изговори за да не се реализираат одредени. Мора сите компоненти да се склопат за да достигнеме висока реализација на капитални инвестиции, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за РСЕ.
Во изминатите три години се инвестираа милијарда евра во изградба и реконструкција на патишта, мостови, свлечишта, вијадукти. Во овој момент инвестираме преку 840 илјади евра во изградба на патна инфраструктура или околу 400 километри патишта, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Политиката на проширување веќе не е желба, туку едноставно е потреба сите земји од овие простори да соработуваат, мора да имаат заеднички одговор и заеднички механизам за соработка, вели хрватската амбасадорка во Македонија Нивес Тигањ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Подобро е партиите да бидат финансирани од буџетот, отколку да се остави секоја партија да наоѓа свои начини на финансирање, затоа што мислам тоа може да отвори врата за некои понатамошни коруптивни зделки, вели пратеничката Маја Морачанин од ДОМ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
И покрај ветувањето на тие работодавачи дека ќе ги дадат субвенции за првите месеци од кризата, кога ни беше најтешко, баш напротив, се кријат, не креваат телефони и народски речено немаат абер да го направат тоа, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски во интервју за РСЕ
Вчитај повеќе