Денот на неговата инаугурација, 20 јануари 2025 година, новиот американски претседател Доналд Трамп го нарече „ден на ослободување“. Првите извршни наредби на Трамп се прогласување на вонредна состојба на јужната граница со Мексико и зголемување на американското производство на енергенси.
Од овој ден нашата земја повторно ќе процвета и ќе биде почитувана низ целиот свет, изјави, меѓу другото, Доналд Трамп, во говорот по преземањето на функцијата претседател на Соединетите држави. Тој денеска стана 47. претседател на САД.
Церемонијата на инаугурацијата на Доналд Трамп се одржа во зградата на Капитол, поради тоа што температурите во главниот град на САД се спуштаат до 12 степени под нулата. Обично церемонијата се одржуваше на отворено на западната страна на зградата на Капитол,.
Како дел од прекинот на огнот воспоставен по 471 дена војна, Хамас во Газа на 19 јануари им предаде тројца израелски заложници на работниците на Црвениот крст, кои потоа беа преземени од израелската армија и однесени во Израел.
ТикТок во сопственост на кинеската компанија ByteDance, отиде офлајн во Соединетите држави непосредно пред забраната да стапи на сила, но се врати следниот ден. Она што ќе се случи следно може да го диктира односот на идниот американски претседател Доналд Трамп со Пекинг.
Европските лидери се борат за негово внимание додека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп се подготвува да ја преземе функцијата. Но, тие може да откријат дека, понекогаш, Вашингтон има различни интереси.
Додека Доналд Трамп ја презема функцијата ветувајќи дека ќе стави крај на војната во Украина, Тајван внимателно следи како Вашингтон ќе се однесува со своите партнери од првата линија.
Вработени во министерства бараат зголемување на платите, засега неуспешно. Неколку приватни научни институти добија клуч на врата. Зошто нема патнички возови до ниедна соседна земја? Њузлетер 17.01.2025
По 15 месеци војна, Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот, овозможен од Катар и САД, кој ќе стави крај на конфликтот и ќе обезбеди враќање на израелските заложници, објавија претседателот на САД Џо Бајден и каратскиот премиер Ал Тани.
Вчитај повеќе