Американскиот претседател Доналд Трамп говорејќи пред републиканските конгресмени ги исмеа демократите чии претседателски кандидати во исто време имаа дебата во Хјустон. Трамп најави нов пакет за намалување на даноците во идната година.
Организациите за човекови права се сомневаат дека турската држава извршила најмалку 28 „присилни исчезнувања“ по неуспешниот пуч во јули 2016 година и во последователните чистки. Некои од нив биле „заборавени“ во притвор, но има и такви за кои се уште нема никаква трага.
Во Бугарија е обвинет претседател на една невладина организација за тоа дека шпионирал за Русија, односно дека наводно давал информации со цел земјата да ја смени нејзината прозападна ориентација.
Ветеринарните служби во Бугарија, поради свинската чума наредија колење на огромен број свињи. Станува збор за различни региони во целата земја.
Одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги откаже мировните преговори за Авганистан ќе чини многу американски животи, соопштија талибанците.
По вчерашното предупредување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно се отвори прашањето дали претстои нов мигрантски бран кон Европа.
Германските обвинители обвинија двајца британски банкари за вмешаност во финансиска измама што ја чинела државата над 440 милиони евра. Станува збор за еден од најголемите даночни скандали во историјата на Германија.
Членовите на инталијанското антисистемско движење Пет ѕвезди ја поддржаа предложената владејачка коалција со центристичката Демократска партија со што се отвора патот за формирање нова влада.
Околу илјада милијарди долари и 220 банки се преселиле од Британија во Европската унија од изгласувањето на Брегзитот во 2016 година. Брегзитот, покрај трговските искри меѓу САД и Кина, е една од главните причини поради која ММФ ја намали својата прогноза за глобалниот економски раст.
Првачињата на првиот школски ден се запознаа со битката на нивните учители за повисоки плати.Имено во Скопје во едни училишта се одвиваше штрајкот организиран од Синдикатот за Образование и Наука, а во други имаше само прием на првачињата, но без наставна програма.
Грчката влада донесе итни мерки откако почна да расте бројот на бротчиња со мигранти кои пристигнуваат на грчките острови. Масовниот прилив на мигранти во последниве неколку недели придонесе за поголем број конфликти во бегалските кампови.
Белата куќа разгледува дали и натаму на Украина да и дава воена помош во вредност од 250 милиони долари годишно.
Вчитај повеќе